Овие реченици никако не смеете да им ги кажете на сингл девојките!
Уште од одамна на сингл девојките им се поставуваат исти прашања.
Уште од одамна на сингл девојките им се поставуваат исти прашања. Разликата е само колку често се поставуваат тие прашања и во колкава мера, но, едно е сигурно: Доколку во друштвото кажете дека немате момче, тогаш сигурно ќе слушнете некои од овие реченици:
– Со таков став, никогаш нема да пронајдеш момче.
– Намали ги малку твоите критериуми.
– Твоите очекувања се преголеми.
– Не си подготвена за врска.
– Колку повеќе чекаш, толку се помали шансите да најдеш некој.
– На секое претходно момче, му најде маана. Време е да размислиш подлабоко.
– Никогаш нема да се омажиш.
– Ќе останеш сама со твоите мачки.
– Мислиш ли ти да раѓаш деца?
– Невозможно е да не постои ниту едно момче кое ти се допаѓа.
– Доста се забавуваше, време е да се омажиш.
За да се ослободите од овие прашања и констатации, едноставно возвратете со одговор: Зошто ме прашуваш ова? Кога ќе им го поставите на другите ова прашање, јасно ќе им дадете до знаење дека не ви е мило што ви го кажуваат тоа и дека немаат право да ви се мешаат во приватниот живот!