Прочитајте која е најдобрата четка за вашиот тип коса?
За вашата коса да биде убава и негувана, многу е важно да користите четка која е наменета токму за вашиот тип влакно, должина и посакуван изглед.
За вашата коса да биде убава и негувана, многу е важно да користите четка која е наменета токму за вашиот тип влакно, должина и посакуван изглед. Па, во продолжение дознајте кои типови четки постојат и која вам најдобро ќе ви одговара. Запаметете дека косата е првото нешто што луѓето го забележуваат на вас, па затоа потребно е да ѝ посветите особено внимание.
Кадрава коса
Доколку сакате да ја одржувате својата кадрава коса, тогаш чешелот во два реда, со голем проред, ќе ви помогне во тоа. Тој ќе ја исчешла вашата коса без оштетување и заплеткување. Најдобро е да го користите додека косата ви е влажна и кога нанесувате балсам.
Густа коса
Оваа четка ќе ви ја исчешла косата без заплеткување. Со фенирањето со оваа четка, вашата коса ќе биде мазна и сјајна. Благодарение на дупките, воздухот минува низ четката и вашата коса се суши побрзо.
Тенка коса
Многу е важно да не ја кинете тенката коса при чешлањето, па затоа ви е потребна посебна четка. Овие четки прават дополнителен волумен на вашата коса. Пронајдете четка со што поквалитетни влакна и чешлајте ја косата од корен.
Долга коса
Долгата коса е тешко да ја негувате, а тоа е токму она што го прави овој чешел. Благодарение на специфичните запци, вашата коса ќе биде добро исчешлана.
Кратка коса
Благодарејќи на своите специфични иглички, оваа четка го фаќа секој прамен кој ќе го посакате. Чешлајте се и обликувајте ја својата коса со четка која е создадена токму за вас.
Чувствително теме
Оваа четка се лизга низ вашата коса, а круговите кои се на врвот го заштитуваат вашето чувствително теме. Покрај тоа, тие може да делуваат и како масажа за вашата кожа на главата.
Размислете добро пред да одлучите да ги сечете вашите шишки >>