Реклама
Хороскоп

Некогаш љубовта е како бајка, а потоа вашето срце е скршено – хороскопот има одговор зошто луѓето раскинуваат со вас

Реклама

Дали да се ослободите од идеализирањето на љубовта или претерувате со тоа што постојано сте главни, прочитајте кои се вашите главни недостатоци во љубовта.


Овен

Маркетинг

Ставате голем акцент на тоа да бидете независни авантуристи и постојано трагате кон исполнувањето на сопствените цели, така што заборавате дека често врската е составена од двајца луѓе. Правите другата страна да се чувствува како да е на дното на вашата листа на приоритети, а за нив е тешко да разберат како функционирате.

Бик

Маркетинг

Вие сте топла личност и обожавате да сте во врска, но понекогаш претерувате со вашата љубомора. Често не ја знаете границата меѓу грижата и љубовта за саканата личност и многу лесно тоа преминува кон љубомора која е несфатлива за другата страна. Понекогаш ќе се потрудат да ви го посочат тоа, но тешко ви е да се извините и продолжувате. Тоа е и причината зошто раскинуваат со вас.

Мажите во овој хороскопски знак се најстраствени во зодијакот – не можете да им одолеете, иако понекогаш знаат и добро да ве изнервираат >>

Близнаци

Имате голем проблем ако мислите дека луѓето ќе ве сакаат само поради тоа што сте интересна личност која е постојано среќна. За вас не е проблем да ги привлечете луѓето кон себе, но проблемот настанува кога треба да ги задржите до себе бидејќи никако не знаете да сте сериозни. Никогаш не ја покажувате својата ранливост и едноставно делувате како воопшто да не ви е грижа за врската.

Рак

Вие одлично го читате својот партнер, но постојано го менувате своето расположение и тие не можат да ве прочитаат вас. Имате голем проблем кога треба да зборувате за своите чувства, грижи, потреби и фрустрации. Наместо смирено да им објасните што ви се случува или што ве повредува, вам ве снемува од нивниот живот и тие не знаат како да се носат со тоа.

Не влегувајте во расправа со овој хороскопски знак бидејќи многу брзо ќе се покаете >>

Лав

Иако знаете многу да сакате и да бидете прекрасна личност кога сте во врска, понекогаш претерувате со тоа што постојано мора да сте главни и да ги контролирате оние кои ги сакате. Сакате да ги мерите нештата, да добивате онолку колку што давате, и сакате вашата сакана личност да ја заборави секоја мала или поголема грешка што ја имате направено. Треба да научите како да бидете во врска, а не натпревар со личноста која ја сакате.

Девица

Вие на сите нешта гледате со логика и практичност, а често знаете и самите да си застанете на својот пат поради желбата за перфекционизам. Знаете да бидете претерано критични кон својот партнер и да се грижите за сите мали нешта во врската, што ќе ги извади од такт на крајот.  Заборавете на вашата опседнатост со деталите, тоа само ќе направи да изгубите оние кои ги сакате.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button