Кафе муабет

Наближува празникот Младенци: Еве како да го славите и што НЕ смеете да правите на празникот посветен на младите и љубовта

Advertisement

Младенци ги слават сопружниците кои се во првата година од бракот, односно оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Advertisement

На тој ден младенците во својот дом треба да примаат гости, кои пак треба да им донесат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење како пред семејството, така и пред гостите.

Празникот Младенци е посветен на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј христијанството и покрај исклучителната забрана на царот преминале во христијанството.

Интересно е и тоа што овој празник во календарот на црквата е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонија и Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне. 

Advertisement

Во Штип на пример на овој ден се слави празникот „Четрсе“ кој од пред неколку години е на репрезентативната листа на УНЕСКО. За старите штипјани кои живеат на Исарот 22-ри март е ден за слава, кога се дочекуваат гости. Традиција е да се подготват к’тарки или пуканки, 40 тиганици или мекици, и 40 чаши ракија за гостите. Обичајот на фрлање на каменчиња од Исарот во чест на 40-те севастополски маченци прв го запишал револуционерот Ѓорче Петров во книгата „Материјали од изучувањето на Македонија“. 

Народни обичаи и верувања

Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко како што забележал Д. Матов на овој ден ластовиците иделе од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници. Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен (на гладно срце, како што се вели) слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти Март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец. Исто така, ќе се чуваат и од штрк, да не го видат со боси нозе, т.е. без чевли“. 

Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината.

Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. на овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Разлошко не смееле да фатат гребни, конци, игла или метла за да не гледаат змии. Сепак во други краишта жените пред сонце ги метеле дворовите за да ги затече чисти сиромашкото лето. Особено жените внимаваат да не месат зашто во текот на летото ќе имаат многу стоногалки во ношвите и на другите места каде што се чуваат лебот и брашното. Во некои места пак иако на овој ден не се работи чинело да се калеми.

10 знаци со кои универзумот комуницира со нас – духовни пораки кои не треба да ги игнорираме >>

Исто така, мажите прошетувале низ полето да ги видат посевите, да позавршат некои работи и да испијат за адет, 40 чаши ракија. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви како растение кое ги одбива несреќите. Исто така, утрото луѓето каснувале лук и се намачкувале со него под мишките за да не се потат при работата и да бегаат од нив змиите.

Младенци

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Остануваме на онаа возраст на која НЕ сме биле доволно сакани … >>

Треба да се напомене и тоа дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден никако не смее да биде мрсна, туку треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Исто така меѓу народот постои верување дека какво ќе биде времето за Младенци, такво време треба да не очекува и преку цела пролет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button