Реклама
Хороскоп

Овие хороскопски знаци се најголемите плачковци во зодијакот

Реклама

Тие се едноставно одлични пријатели и рамо за поддршка.

Рак

Маркетинг

Тој чувствува онолку емоции како за останатите 10 знаци во зодијакот. Но, луѓето лесно успеваат да го повредат, па Ракот се затвора во школка и често пати на прв поглед делува ладно, незаинтересирано и бесчувствително. Вистината е сосема спротивна.

Кога нападите се насочени кон неговите сакани и семејството, Ракот умее болно да штипне. Верен, интуитивен и романтичен, Ракот не успева да ги скрие солзите на тажен филм или песна, како и романтичен брачен предлог или свадбена веселба.

Маркетинг

Сакате да ја дознаете вашата иднина? Тогаш оваа приказна мора да ја прочитате >>

Но, тој е вистински другар!

Секогаш тука, со подготвено рамо за плачење. Ќе направи да се чувствувате удобно и заштитено. За возврат сакаат почитување и добра гурманска храна.

Риби

Мистични, со две спротивставени страни, Рибите најдобро се опишуваат како лебдачи помеѓу реалноста и соништата. Особено се интересираат за менталниот живот, потсвеста, емоциите и интуицијата и се обидуваат да ги сфатат и да се поврзат со луѓето на спиритуално ниво.

Кај Рибите не постои простор за агресија. Пополека – подалеку, тоа е нивното мото. Нежни и емоционални, Рибите со сета душа сакаат да им помогнат на луѓето да постигнат внатрешен баланс, мир и хармонија.

Неретко се прелажуваат, бидејќи сметаат дека секој човек има чисто срце и некаква добрина во себе. Рибите се спокојни, мечтателни, скромни и многу емотивни.

Како да му згрешиле нешто на бога – овие хороскопски знаци од самото раѓање ги следи лоша среќа >>

За возврат на пријателството не заборавајте дека оние кои се родени во знакот на Рибите сакаат безгрижно танцување и долги прошетки покрај вода.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button