Ова дефинитивно ќе го пробаме!
Познатата 21 годишна манекенка Кенда Џенер секогаш изгледа сјајно, како на модните писти, така и на фотографиите во модните каталози. Тоа секако важи и за нејзините Инстаграм фотографии кои ако ги погледнете подобро ќе забележите дека секогаш кога позира нејзината глава е благо свртена во една страна. Таа поради ова на фотографиите секогаш изгледа беспрекорно, а сега ќе ви покажеме зошто овој трик функционира.
Имено, познатата припадничка на сеприсутниот клан Кардашија-Џенер со оваа поза остава впечаток на издолжен врат па на тој начин и самото лице добива подобра рамка. Попрецизно, овој трик ве подмладува и прави да изгледате поубаво, односно го стеснува лицето и остава впечаток на убаво истакната вилица и складни црти на лицето.
Значи се што треба да направите е следниот пат кога ќе се фотографирате благо да ја свртите главата на едната страна и малку да ја спуштите брадата.
На овој начин ќе ги отстраните сенките, кое вашето лице можат да го направат подебело и пошироко односно поголемо отколку што е.