CelebrityTV

Ќе се шокирате кога ќе прочитате колку заработува Ким Кардашијан само од Инстаграм

Advertisement

Ким Кардашијан од ништо направи вистинско богатство.

Advertisement

Таа на Инстаграм има 95.3 милиони следбеници.

Откако во јавноста се појави нејзиното порно видео, Ким буквално ги окупираше најпознатите насловни страни во светот, го покрена успешното реално шоу, лансираше сопствена модна линија, го прослави своите сестри, направи игри, парфеми, реклами и милион други работи.

Advertisement

Таа на овој начин си обезбеди богатство за цел живот, а со појавата на социјалните мрежи старлетата стана уште побогата.

И покрај тоа што не е позната личност со најмногу следбеници на Инстаграм, туку тоа е пејачката Селена Гомез, Ким Кардашијан одлично наплаќа за рекламирање производи на нејзиниот профил. Па ако некогаш ве интересирало за колку пари таа објавува една објава тогаш подобро ви е да седнете пред да ја слушнете цифрата.

Имено, компанијата Talent Resources плаќа и до половина милион долари како би дошле до нејзините 95 милиони фанови од целиот свет. Нејзините сестри Клои и Кортни кои имаат 30 милиони фанови помалку, и за една објава добиваат 250 илјади долари, додека полустестрите Кендал и Кајли околу 400 илјади долари од само една објава.

Но од компанијата се презадоволни и ги трлаат рацете бидејќи секоја работа која што ја рекламираат многу брзо се продава, а само сестрите од сеприсутниот клан Кардашијан-Џенер им носат една четвртина од целата годишна заработка.

Па, сега можете само да претпоставите колку пари годишно заработуваат Ким, Кортни, Клои, Кендал и Кајли од социјалните мрежи.

Многу, нели?!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button