Сутлијашот е помеѓу омилените десерти на многу луѓе.
Сутлијашот е помеѓу омилените десерти на многу луѓе. Но, бидејќи е направен од ориз и млеко, луѓето кои постат го избегнуваат за време на постот. Затоа, денес ви прикажуваме една посна верзија од ова слатко задоволство, која со сигурност ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
– 200 грама ориз
– 200 милилитри млеко од соја со вкус на ванила
– 1 кесичка ванилин шеќер
– Шеќер по вкус
Начин на подготовка: Сварете го оризот, па измијте го и исцедете го. Додајте го млекото од соја и ставете ги заедно кратко да се поварат. Додајте ванилин шеќер и засладете со кристален шеќер по ваш вкус. Кога малку ќе се излади, ставете го во чинии за служење, а по желба можете да додадете цимет и некое чајно колаче. Уживајте!