Совети за шминкање со чија помош ќе бидете најубава невеста
Се прашувате како да се нашминкате за венчавката?
Се прашувате како да се нашминкате за венчавката? Трикот е да изгледате како и секогаш и што поприродно, но подобро. Ако секојдневно користите малку шминка, денот на вашата венчавка е ден кога треба да испробате нешто повпечатливо. Сепак, внимавајте да останете доследни на себе, затоа што не е добро на фотографиите да изгледате како сосема друга личност. Еве некои совети кои вреди да ги примените.
Дали да ве шминка професионалец?
Ако одлучувате да ја средите својата фризура во салон, проверете дали таму можете и да ве нашминкаат. Задолжително консултирајте се со личноста која ќе ве шминка за овој голем ден, а најдобро е претходно да направите и едно пробно шминкање за да видите дали ќе ви се допадне.
Нови трендови, нови трикови: вака сега се носи туш за очи >>
Имате другарка која си разбира од шминкање? Повикајте ја на помош!
Со оглед на тоа дека и Кејт Мидлтон сама се шминкала за својата венчавка, најверојатно и многу други жени може да го направат истото. Меѓутоа, ако ретко се шминкате, можеби не би било лошо да ви помогне некоја пријателка. Така, почнете со испробување неколку недели порано, па ќе видите што најмногу ви одговара.
Изберете да ги истакнете или очите или усните
Основно правило на шминкањето е да ги истакнете или очите или усните. Ако се обидете да ги истакнете и двете, тогаш може да изгледате како кловн. Така, ако користите силна шминка за очи, усните нека ви бидат благо средени со помош на сјај или розов кармин. Ако сакате да ги истакнете усните, правете го тоа со светла или темна боја, но во тој случај шминката на очите нека ви биде посветла.
Што треба да знаете кога одите на шминкање кај професионален мејкап артист >>
Користете водоотпорна маскара
Можеби спаѓате во оние 5% жени кои нема да пуштат ниту солза во текот на својата венчавка, но доколку не сте помеѓу нив, тогаш тој ден потребно е да користите водоотпорна маскара за да се осигурите дека шминката ќе се задржи подолго време на вашите очи.
Премини на следната страна >>