Пред неколку дена згодната актерка и манекенка Емили Ратајковски си помина преубав ден на плажа во Малибу, со своето момче Џеф.
Но таа и кога е слободна не заборава на модата.
Овој пат нејзе инспирација и беа дивите од златното време на Холивуд на кои им одговараат панталоните со висок струк и краток топ какви што носеше.
Бело црниот комплет кој се врзува со панделка на половината, познатата манекенка го носеше во комбинација со шешир од слама и кафеави римјанки, додека лицето го сокри со темни очила за сонце од кои не се одвојува во последно време.
Краткиот топ ја истакна нејзината совршена линија, а беше уште посладок поради копчињата на предната страна и фактот дека се врзува околу вратот. Сето ова не наведува да заклучиме дека долго време не сме виделе олку гламурозна комбинација за плажа, а модните гуруа пак ни предвидуваат дека овој тренд ќе владее ова лето (види тука).
Тренд од Зара со кој секоја девојка ќе изгледа шик и модерно >>
Идентично такво парче пронајдовме за 218 евра (види тука), а од продавниците на познатиот хај стрит бренд Зара избравме бројни слични парчиња по многу подостапни цени кои можете да ги видите во галеријата што следува на крајот од текстот.
Емили Ратајковски во секси долна облека од DKNY >>
Reformation – Claudia Two Piece $218
види повеќе » |