Постои боја која им стои подеднакво добро на секоја од нас
Според познатите стилисти и врвните консултантите за имиџ постои една боја која се наоѓа на средината на спектарот, и која подеднакво добро им стои на сите без разлика на бојата на тенот и стилот кој го фураме.
Институтот „Пантон“ секоја година прогласува нова нијанса како најпопуларна, ИТ девојките секоја сезона фаворизираат некоја друга боја, а познатите брендови пак секогаш нудат шаролика палета бои. Но и покрај тоа една боја секогаш е на тронот бидејќи на сите им стои добро, а тоа е црвената! Според една од водечките консултанки за имиџ Хелен Венаблес, бојата која што ја носиме може и те како да влијае на нашиот изглед особено ако ја усогласиме со нашиот тен „Токму бојата на облеката и на вашиот тен е витално за добриот изглед. Ефект кој боите го имаат на вас е многу силен – тие можат визуелно да направат да изгледате потенки, да ви дадат на лицето привиден сјај, да ве направат помлади и поздрави, исто како што можат и да ве направат да изгледате постаро, изморено и покрупно“. Па, ако црвената боја има толку предности, размислите за сите оние ваши стари парчиња кои одамна ги немате облечено, а се во оваа боја. Можеби токму во нив изгледате најдобро, а не сте ни свесни за тоа.
Премини на следната страна >>