Реклама
Трендови

Заборавете на чокери, ова ќе биде најпопуларното парче накит за следната сезона!

Реклама

И додека во 2016 година ја одбележаа разни чокер-огрлици од разни материјали, оваа година во фокусот е уште едно парче од 90-тите години кое го носеа сите жени.

Или порано, во младоста, сте биле луди за нив или никогаш не сте престанале да ги обожавате… Трета опција не постои!

Маркетинг

Имено, станува збор за предимензионирани алки кои бројните дизајнери ги претставија на пистите на Модните недели и повторно ги наметнаа како тренд, а судејќи според социјалните мрежи, жените радо ги прифатија. Но оваа година овие големи обетки ни доаѓаат со малку поинаков дизајн, каде важи правилото – колку пооткачено, толку подобро. Па така и оваа година во мода ќе бидат златни, сребрени и бакарни кругови, но и пластичните во силни нијанси како и оние кои се украсени со бисери и кристали.

Маркетинг

Познатите дами како Џенифер Лопез и Бијонсе, никогаш и не престанаа да ги носат, а мораме да признаеме дека и ние ги обожаваме.

А вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button