Диети

Рецепт со кој можете да намалувате по 1 сантиметар дневно во обемот на половината

Advertisement

Благодарение на овој рецепт жените го намалуваат обемот на половината за 1 сантиметар дневно.

Advertisement

Овој мелем го отстранува вишокот на маснотии и вода во организмот, ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, ги подобрува слухот и видот“, тврди д-р Стефановска.

Главните состојки се свеж рен, непрскани лимони со кората и мед.

Ренот е богат со витамини и минерали како Ц, Б1, Б2, Б6, калиум, магнезиум, фосфор и освен во исхраната се користи и како лековито средство. Тој се користи како додаток на разни јадења, посебно со мрсна храна, бидејќи помага полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува заморот, го поттикнува размножувањето на корисните бактерии во цревата. Сокот од рен ги уништува бактериите на дизентерија, салмонела, туберкулоза како и многу габи кои се јавуваат како паразити кај човекот и растенијата. Ренот исто така ја поттикнува работата на јетрата, делува поволно на срцето и циркулацијата, одличен е како диуретик, помага кај реума и го подобрува варењето така што го стимулира лачењето на желудочните и цревните сокови, жолчката и ензимите од панкреасот.

Advertisement

Свежиот корен од рен може да се користи во текот на целата година ако навреме се закопа во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поголем корен, можете да ја изрендате количината што ви е потребна, а остатокот да го завиткате во алуминиумска фолија и да го ставите во фрижидер.

Рецептот за мелем за слабеење на д-р Стефановска

Потребни состојки:
–    125 гр. рен
–    3 непрскани лимони
–    3 лажици мед

Измелете го ренот. Земете три лимони, исечете ги, исчистете ги од семките, и заедно со кората убаво измелете ги измешајте ги со измелениот рен. Во добиената смеса додадете три лажици мед и се убаво измешајте. Чувајте во затворена тегла во фрижидер. Се зема по една мала лажичка два пати на ден со оброк.

Земајте го мелемот редовно во период од 3 недели и ќе видите како обемот на половината чудесно ќе ви се намали.

Извор: aura.ba

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button