Генијален трик со руменило со кој ќе го освежите вашето лице
Откријте ја тајната на познатиот шминкер како треба да нанесете руменило на образите и да додадете свежина на вашето лице.
Џемс Винсент, познат мејкап артист на познатите девојки во чии генијални раце се препуштаат Лејди Гага, Кортни Лав, Лив Тејлер, Рис Витерспун и бројни други убавици, во детали објасни како со помош на руменило и бронезер секоја жена може да го постигне посакуваниот изглед со високо подигнати и заоблени јаболчици и да добие свежина на лицето.
Потребни ви се две нијанси на руменило – розово и црвеникаво т.е. во праска боја, корално или било кое во топли нијанса со портокалови под-тонови.
L’oreal Blush Sculpt
Прво треба со широка четка со кружни движења да се нанесе преку целиот образ така да добиеме впечаток како крвта да ни се насобрала во лицето од возбудување, што значи дека текстурата треба да добро да се избленда. Потоа на ред доаѓа втората нијанса која се нанесува со помала четка на највисоката точка на јаболчиците и дава ефект на топлина, т.е. лицето на тоа место треба да изгледа како да сјаи од сите агли.
Lancôme Cushion Blush Subtil
На крај треба да нанесете бронзер кој мора да биде во што понежна нијанса и задолжително мат. Покрај тоа што со него дополнително ќе ги измешате боите и ќе ги изедначите премините помеѓу текстурите, но и на кожата, тој директно ќе ги засенчи лицето на долниот дел од образите и ќе создаде сенка која во контраст со осветленото подрачје на врвот на јаболчиците создава ефект на совршено нашминкано и исконтурирано лице.
Radiant – Air Touch Bronzer