Кафе муабет

Прирачник како вашиот Аполон да ви го разубави 8-ми март освен со каранфилчето кое знае дека треба да ви го купи

Advertisement

Зошто во главата да му биде единствено мислата дека само треба да ви купи нешто, а потоа да седне пред телевизорот и се да си тече по рутина?

Advertisement

Таман работа aко ние ве советуваме така да помине денот кога треба да ви се посвети внимание! 8 Март е инаку денот кога жените се избориле за своите општествени права и така натаму и така натаму. Па затоа низ светот тоа се одбележува со тоа што жените повторно излегуваат на протест (иако многу повеќе симболичен) на кој ќе кажат дека се уште постои дискриминација, нееднаква застапеност и слично. Кај нас, над 90 отсто од вработените жени тој ден ќе работат пократко, ќе добијат цвеќе и ќе отидат на некој прослава во кафеана или ресторан за свадби каде што ќе се изопијат и ќе се изнаиграат на турбо фолк. Потоа се враќаат дома, ќе добијат уште по некое подароче и друго сé си иде како по шаблон.

Е да. Кај нас работите ретко (или никогаш не) се менуваат. Затоа и ние нема да се обидеме да ве натераме деновиве да прочитате прирачници за тоа како се прави молотов коктел, па на празникот да излезете и да го претворите градот во лош ден во Авганистан. Не! Едноставно ќе ви предложиме како да го мотивирате вашиот Аполон да ви посвети малку повеќе внимание, освен она каранфилче кое што знае дека треба да го купи.

Advertisement

Што е главниот двигател кај мажите? Сексот се разбира! Оние од вас кои се во подолга врска, сигурно поради природното правило на рутината, веќе подолго време не искусиле коитус за кој што вреди да се размислува и отпосле. Затоа, уште ден, два претходно почнете да му давате сигнали кои што заборавил да ги прима од вас. Тоа се обични уфрлувања на фрази во обичниот муабет, наговестување дека сте изгледале или прочитале некоја ствар во врска со сексот која што…, додека седите така и гледате некој филм, суптилно (но сепак јасно) напоменете дека некој актер ви се допаѓа – сте го гледале во тој и тој филм каде што на девојката и направил тоа и тоа, дека има убаво тело, нос кој што асоцира дека и @#ξΫ# му е голем. Верувајте дека ова нема да го остави рамнодушен. Кога ова ќе го повторите два, три дена, а навечер (или кога и да е) повторно не му барате секс, тој самиот ќе почне да размислува на тоа. А кога ќе дојде ’The денот‘, рано наутро, разбудете се пред него и почестете го со добро фелацио и потоа излезете си по обврските. Верувајте дека кога ќе се вратите дома, ќе ве чека изненадување!

Оние па кои се во фаза да бидат освоени, треба да применат малку поинаква тактика. Она што не треба да се прави е на никаков начин да не се покажува преголема егоцентричност и посесивност, во стилот: Се шетате по улицата и го запирате покрај излогот и му кажувате како од секогаш сте сакале да го имате тоа и тоа светкаво нешто од другата страна на стаклото, или пак седите и разговарате и му кажувате каде сте сакале да одите на шопинг овој 8 Март. Тоа само ќе му ги поттикне сомнежите дека сте посесивна кучка која што ја интересира само она што сака да го добие за себе. Секако дека нешто и ќе добиете, но доколку типот навистина ви се допаѓа, подобро да му наговестите низ муабет дека сте личност која што сака изненадувања, дека сте од оние типови на луѓе кои наоѓаат голема радост и во најмалите нешта. Правете се дека сте слушнале нешто за тибетанската филозофија и од таму сте научиле дека човек треба да се чести самиот себе и со најмали нешта и пред сé, во нив вистински да ужива. На овој начин ќе го мотивирате да биде креативен и вистински да ве засака, маѓијата по вашата личност ќе биде она кое што ќе го обземе, А тогаш сите други работи одат како што треба!

P.S. А да се разбереме само, за да нема забуни. Доколку имате во вас некоја нитка на револуционерен дух и двигател за некаков project mayhem во градот за The денот, ние не само што ве охрабруваме, туку и први ќе ви се придружиме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button