Помага при несоница, нервна напнатост и одвикнување од пушење – 10 причини зошто да користите валеријана
Оваa билка се препорачува за лекување на болести на зависност, а особено е корисна за одвикнување од пушење
Валеријаната кај нас е најмногу позната по нејзиното смирувачко дејство, но таа всушност има многу поширока примена. Иако коренот на валеријана посебно се препорачува за намалување на нервната напнатост, вознемиреност, раздразливост и несоница, тој дава многу добри резултати и кај несоницата предизвикана од стрес.
Што се однесува до другите нервни пореметувања, помага кај главоболки на нервна база, хипохондрија и хистерија. Елиминира забрзано чукање на срцето поврзано со чувство на стегање во градите и страв.
Билката валеријана се препорачува и за лекување на болести на зависност, а особено е корисна за одвикнување од пушењето. Имено, чајот од валеријана придонесува и инаку непријатниот мирис на тутун да стане уште понепријатен, дури и на тврдокорните пушачи кои се навикнати на него. Покрај тоа, на луѓето кои се одлучиле да се ослободат од оваа лоша навика им помага полесно да се справат со чувството на напнатост и несигурност во периодот на одвикнување.
Една од главните придобивки од валеријаната, за разлика од многу други средства за смирување, е во тоа што не предизвикува зависност.
Освен што одлично ги смирува и опушта нервите, валеријаната има и други лековити својства:
– ја ублажува мигрената
– ги опушта мускулите и грчевите во стомакот
– делува како аналгетик и помага при менструална болка
– ги ублажува симптомите на астма
– го намалува крвниот притисок
Валеријаната може да се набави во форма на капки, масло, таблети, капсули и чај. Разбирливо е дека е потребно придржување до пропишаните упатства за дозирање и начин на употреба.
Подготовка на чај:
Чајот од валеријана се подготвува така што една мала лажичка корен од билката се прелива со 2 дл врела вода и по 5 минути се процедува. Препорачаната дневна доза е 2-3 чаши во текот на денот, од кои задолжително една навечер, половина час пред спиење, што е идеално за лекување на несоница. Исто така треба да се знае дека валеријаната има доволно силно седативно дејство, така што не треба да се користи со други растенија со сличен ефект, ниту пак во комбинација со синтетички лекови за смирување.
Забелешка: Се препорачува по три недели од употребата на валеријана да се направи пауза за да се избегнат манифестации на можни несакани ефекти како гадење, главоболка, па дури и вознемиреност.
Оваа билка не се препорачува за деца и бремени жени.
Извор: kucnilekar.com