Настан со генијална атмосфера и најурбаните фаци во градот
И овој март, од 29ти до 31ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите ваши сетила со богатата, инспиративна содржина која ќе ви ја понуди второто издание на Fashion & Lifestyle Expo. Од уникатен дизајн на накит, мебел, ентериер и мода, егзотични и авантуристички патувања, литература, музика, уметност, архитектура, фотографија, шминка, па се’ до вкусна храна, квалитетни пијалоци, слатки и добро кафе и сето тоа сместено во безвременската елеганција и софистицираност на фојаето на Македонската опера и балет, Fashion & Lifestyle Expo е настанот на кој се вкрстуваат сите овие области и елементи, со кои секојдневно го градиме нашиот животен стил.
Второто издание на Fashion & Lifestyle Expo, под мотото #воншаблон, ветува тридневно бегство од секојдневието и рутината и ве предизвикува да излезете од комфорната зона за да ги активирате сите сетила, уживајќи во збогатена и освежена содржина – како во изложувачкиот, така и во програмскиот дел. Освен во бројните анимирани изложбени простори, посетителите ќе можат активно да се вклучат и во многуте креативни презентации и работилници. Оваа година програмата на второто издание на Fashion & Lifestyle Expo е распоредена во неколку катчиња низ фоајето на МОБ – главен – EXPO дел, F&L café, Food corner, Creative hall (гардероберот), Beauty Bar и Галерија во која ќе бидат изложени модни креации, уметнички дела од млади уметници, фотографии и сл., па така, секој посетител ќе може да пронајде активност која ќе го интересира и инспирира да оствари вистинска креативна конекција.
Вечерните часови и оваа година се резервирани за исклучителна забава со музички настапи на актуелни бендови, пијано концерт, модни ревии и уметнички перформанси, дегустација на вкусна храна, квалитетно вино и одлични коктели.
Изложувачите на овој #воншаблон настан се објавени овде, а наскоро ќе биде објавена и деталната програма.
За повеќе информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите, следете ја фан страната на Facebook.
Се гледаме на F&L Expo 2017, од 29ти до 31ви март во МОБ, да го предизвикаме секојдневното и обичното. Одиме #воншаблон!
Со почит,
Моментум Инк.