Шминка

Новата smokey eye шминка која ќе биде хит оваа година

Advertisement

На модните недели доминираше една боја на сенки

Advertisement

Иако познатата мејкап артиска Пет Мекграт најави голем камбек на сините сенки, една друга боја на модните недели беше користена многу повеќе. Имено, станува збор за розови сенки кои според она што го видовме на модните ревии ќе бидат меѓу најпосакуваните во наредниот период, а очите заокружени со нежни нијанси ќе ја замени темната smoky eye шминка. Од ревиите на Delpozo и Oscar de la Renta во Њујорк, па се до оние на Mark Fast и Bora Aksu  во Лондон моделите имаа очи со сенки во прекрасни розови нијанси што е поприлично интересно особено затоа што до неодамна овие сенки воопшто не биле на добар глас.

Генијален трик со течна пудра на човекот што ги шминка Бела Хадид и Џенифер Лоренс >>

Advertisement

Mark Fast

Но трендовите си се трендови, а добрата страна кај овие сенки е што дава свежина на лицето и романтичен женски шарм. Но треба да бидете внимателни при изборот на нијансата која ќе одговара на вашето лице. Односно ако имате светол тен изберете пастелна розова со под-тон во нијанса на кајсија. За маслинест тен – нијанса на фуксија и малина, додека за потемен тен – розови нијанси со црвени под-тонови. 

Нашите омилени кармини во бојата која ќе биде хит оваа пролет >>

Леа Мишел

Исто така добро е да знаете дека силните розови нијанси добро стојат на секој тен, а имаат одличен ефект и ако оваа нијанса ја нанесете како црта на очниот капак. Исто така и сенките со пудрести текстури ќе ви дадат полежерен ефект од оние кои се кремести.

Позната шминкерка ни октри генијален трик со пудра >>

Ема Стоун

Mark Fast

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button