Генијален трик со течна пудра на човекот што ги шминка Бела Хадид и Џенифер Лоренс
Како со помош на евтина козметика да изгледате софистицирано
Креативниот директор за козметика во Диор, Питер Филипс, знае многу тајни кога се шминките во прашање, а колку тие се влијателни можете да забележите и од девојките кои се заштитно лице на брендот – Џенифер Лоренс, Бела Хадид и Ријана. Но и покрај тоа што е на чело на овој престижен и луксузен моден бренд тој за „Byrdie“ ја откри неговата тајна со која и поевтината козметика би можела да има ефект како и скапата.
Ако сакате вашата шминка да изгледа софистицирано, вели Питер, најдобро е добро да ја нанесете и размачкате на лицето. „Тоа значи дека не треба да се гледаат линиите и премините на пудрата и таа да се познава и да има ефект на друга кожа. Затоа ви се потребни добри апликатпори, но и време кое ќе го потрошите за добро да ја нанесете вашата шминка.“
Seventeen, Naturat velvet – течна пудра
„Најважно е убаво да ја нанесе течната пудра и тогаш ќе имате беспрекорен ефект, без разлика дали користите скап или евтин производ“, додава тој.
DIOR Diorskin Star Studio Makeup Spectacular Brightening
За да го постигне овој ефект Питер користи влажно сунѓерче, а неговиот избор секако е Backstage Blender сунѓерчето од Диор.
Backstage Blender