Тајната на оваа диета е во тоа што речиси не содржи јаглехидрати, и токму поради тоа дава одлични резултати.
Според тоа, ако сакате да го изгубите вишокот килограми со исхрана што се заснова на варени јајца, ова може да биде вистинското решение за вас.
Диетата вклучува мал број на производи, но научно е докажано дека токму ваква исхрана може да го забрза метаболизмот и да доведе до побрзо топење на мастите.
Диетата трае 14 дена, и ако строго се придржувате на неа, можете да изгубите и со 10 килограми кои потоа нема да се вратат, секако ако внимавате на исхраната и се занимавате со умерени физички активности.
Во текот на диетата треба да пиете многу вода, која ќе помогне во процесот на отстранување на токсините, а најдобри резултати ќе постигнете и ако вежбате барем половина час на ден.
Правила што треба да се почитуваат во текот на диетата:
– Никако не смеете да јадете брза храна
– Алкохол и засладени пијалоци се забранети
– Внесувањето на сол и шеќер треба да се сведе на минимум
Мени за првата недела
Појадок е ист секој ден: 2 варени јајца и половина цитрусно овошје (портокал, грејпфрут или една цела мандарина)
Понеделник
Ручек: 2 помали варени компири и 2 јаболка
Вечера: голема порција салата и парче пилешко
Вторник
Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата
Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца
Среда
Ручек: сирење/кашкавал со ниска масленост, 1 домат и 1 сладок компир (батат)
Вечера: салата по ваш избор и парче пилешко
Четврток
Ручек: овошје по избор
Вечера: салата и пилешко на пареа
Петок
Ручек: варен зеленчук и 2 јајца
Вечера: салата и пушена риба
Сабота
Ручек: овошје по избор
Вечера: пилешко и зеленчук на пареа
Недела
Ручек: салата од домати, варен зеленчук и пилешко
Вечера: зеленчук на пареа
Премини на следната страна >>