Ако сакате патики тогаш сигурно сте среќни што сега можете да ги носите дури и со фустани, нешто што до пред само неколку сезони беше незамисливо.
Puma Suede Heart
Но, откако познатите трендсетерки и ИТ девојки почнаа да ги носат во своите street style комбинации и на светот му покажаа дека овие модели иако првенствено се наменети за спортските терени, изгледаат фантастично дури и во елегантните комбинации, патиките се вратија на голема врата во светот на модата. Сетете се само на прекрасните изданија на познатите трендсетерки Кендал Џенер и Џиџи Хадид и нивните еклектични изданија во кои белите патики беа неизоставен дел од нивните шик комбинации.
Новите адидаски кои ги освоија социјалните мрежи >>
adidas Stan Smith
Да, токму со белите адидаски Stan Smith и започна овој тренд, а по нив следуваше Superstar моделот за чиј успех значително помогна и колекцијата на пејачот Фарел Вилијамс во сите бои на виножитото (прочитај тука повеќе за овие патики). И кога трендсетерките и модните блогерки се заситија од овие модели, на ред дојдоа моделите Gazelle, Samba и овогодишниот хит Equipment, како и соработка помеѓу ‘Superstar’ adidas Originals и бразилскиот бренд The FARM Company кои го зачинија моделот со неодолив цветен дезен кој и ден денешен е еден од омилените на претставничките на понежниот пол.
Кратка приказна за легендарните патики од Адидас кои го освоија светот >>
adidas Gazelle
adidas Superstar
Откако го видоа неверојатниот успех на адидас со воскреснување на нивните ретро модели, овој тренд почнаа да го фураат и останатите брендови, а меѓу нив секако први беа Nike со нивниот модел Classic Cortez кои прв пат беа претставени во 1972 година како хит патики за трчање на Олимписките игри во Минхен. Тогашното револуционерно решение на Бил Боверман и ден денес е репер кога станува збор за патики за трчање на долги патеки бидејќи со нив можевте да истрчате повеќе од 150 километри особено благодарение на меката влошка и гумениот ребрест цик-цак ѓон. Тие веднаш беа прифатени и во урбаната култура, а минатата година Nike ги претстави повторно на пазарот и го порази Адидас во продажба за 2016 година. Ако ја земеме во предвид популарноста на нивните најнови модели од кадифе (види тука), кои во моментот се достапни на Net-a-porter за 75 фунти, тоа најверојатно ќе се случи и оваа година.
Ги сакаме и ние – нови Најк патики кои се хит на Инстаграм >>
NIKE Classic Cortez
Но не треба да го заборавиме и новиот женски модел на патиките Nike Air Max кој преку ноќ стана вистински хит на социјалните мрежи, особено во металик розова боја. Првите Nike Air Max патики се појавија во 1987 година и од тогаш со развојот на технологијата се развива и овој модел и постојано котира високо меѓу популарните патики.
Што велите за новите Nike Classic Cortez патики од кадифе >>
Nike Cortez
Nike Cortez
Nike Air Max
Минатата година и Reebok започна сериозно да ги турка старите модели, па така го редизајнираше моделот Classic Leather, односно Club C, кој оригинално е дизајниран во 1985 година. Секако дека за популарноста на овој модел највиновна е Џиџи Хадид која беше ангажирана во нивната кампања и која заедно со нејзината сестра и нејзините најдобри другарки претвора во злато се што ќе допре. Но брендот не застана тука, туку во соработка со Vetements, го создаде новиот модел Vetements x Reebok кои потсетуваат на патиките кои порано ги носевме во средно училиште, кога на големиот одмор ќе ни се потпишеа половина клас и уште неколку другари и другарки од 4а одделение. Ваквите имиња, пораки и слогани се наоѓаа речиси на сите ранци и патики, а сега ваков пар можете и да си купите. Патиките веќе се хит на Инстаграм, а наскоро ќе можете да ги најдете и во сите продавници на Reebok.
Патиките што ги носевме во средно во моментот се хит на Инстаграм >>
Reebok Club C
Vetements x Reebok
Puma пак, направи одлична соработка со Ријана (види тука), а резултатот беше „Fenty Creeper“ патиките кои ги дизајнираше познатата пејачка инспирирана од класичните „Brothel creeper” кои ги носеа панкерките во 70-тите години на минатиот век. Овие патики го врати брендот високо на шопинг листите особено откако и официјално беа прогласени за обувки на годината тргнувајќи ги од тронот патиките на Канје Вест, Yeezy Boost 350. Но вистинскиот успех следува со враќањето на класичните модели од кои Puma Suede и Puma Basket доживееја неверојатен успех со пастелните верзии, како и верзиите со панделки, па не е ни чудо што модните инсајдери се сигурни дека ќе бидат вистински хит за 2017.
Новите патики на Ријана кои ги обожаваат сите >>
Puma Fenty Creeper
Puma Suede Heart
Puma Fenty Creeper
Puma Suede Heart
Што се однесува до легендарниот модел на Convers, All Star Chuck Taylor, кои сите ние нагалено си ги викаме стартки, тие беа редизајнирани во 2015, но тоа се однесува само за нивната внатрешност, додека од надвор му останаа верни на оригиналниот дизајн. Истовремено омилените платнени патики на девојките ширум светот можевме да ги видиме и на бројни street style фотографии, и тоа во најразлични нијанси и со интересни дезени кои се носеа рамо до рамо со култните црни и бели модели.
All Star Chuck Taylor II
Секако дека во оваа приказна не треба да ги заборавиме и култните Vans патики кои им се омилени на средношколците и поклониците на скејтерската субкултурата и кои во изминативе неколку сезони почнаа да ее појавуваат и во комбинациите на модните блогерки, па дури и на улиците на најпознатите светски модни метрополи за време на престижните модни викенди (Париз, Њујорк, Милано, Лондон ..). Најпопуларните се класичните Old Skool и Authentic модели, а оваа година истите ќе се носат со мрежести чорапи.
Ви ги претставуваме најпопуларните патики за оваа есен >>
Vans Old Skool Lite
Balkan Is Not Dead
Тука меѓу овие редови свое место треба да го заземат и легендарните стартаски кои веќе неколку години се маст-хев парче меѓу модните инсајдери во Хрватска, а од неодамна по нив полудеа и девојките од земјата на бизоните откако се појавија на страните на Вог. Станува збор за модел од познатата фабрика Борово кои ги освои познатите трендстерки како со својот изглед, така и со тоа што се изработени од „eco friendly“ материјали.
Патиките од Борово кои растураат на светската модна сцена >>
Borovo – Startas
Ова не само што е големо признание за фабриката од Вуковар и позитивен пример од кој нашите брендови можат многу да научат, туку е и одлична реклама за цела Хрватска за чии природни убавини постојано известуваат бројни познати медиуми. Најверојатно тоа и ја поттикна Мишел Грегурев, застапничката за „стартаските’ во Америка, кампањата за есен 2016 година да ја сними во Загреб, град во кој староградскиот амбиент послужи како дополнителна инспирација за снимање на нивната нова кампања за овој познат ретро модел. А по неговиот успех, фабриката ги редизајнираше и полудлабоките модели кои овој пат наместо од платно беа направени од гума и кои исто така доживееја невиден успех за наши услови.
Новите адидаски кои ги освоија социјалните мрежи >>
Borovo – Startas
Трендот со воскреснување на ретро моделите се уште е мошне популарен, па најверојатно и во следните неколку сезони ќе се нагледаме на добро познатите патики во нови изданија. Повеќето од овие модели имавме прилика да ги носиме и во детството, но овој пат тие изгледаат уште попримамливо и постојано не повикуваат од полиците.
Vans Old Skool
Па, кој е вашиот омилен ретро модел?