Што велите за новите Nike Classic Cortez патики од кадифе?
Патиките Cortez беа едни од најпопуларните Nike модели за минатата година.
Брендот секако дека не застана тука туку продолжи со нови идеи, бои и материјали со кои дополнително го зацврсти статусот на NIKE Classic Cortez (Premiun velvet sneakers) моделот како едни од водечките ретро модели на пазарот.
Патики кои ги обожаваат младите холивудски ѕвезди >>
NIKE Classic Cortez Premium velvet sneakers £75
Преку зимата најпрво го лансираа новогодишното издание во најпопуларниот материјал за сезоната – кадифе, а оваа пролет направија еден чекор понатаму експериментирајќи со новите бои. Во моментот на страната на Net-a-porter се достапни две нијанси (по цена од 75 фунти) – маслинесто зелена и виолетова кои целосно се покриени со кадифе, па дури и логото. Само ѓонот остана направен од препознатливата бела гума.
NIKE Classic Cortez Premium velvet sneakers £75
Моделот е совршен избор за преодниот период, а можете да го носите како со фармерки така и со фустани и тренди панталони.
Ги сакаме и ние – нови најк патики кои се хит на Инстаграм >>