Нова книга која е хит во Америка
Одри Карлан е авторката на бестселерот кој долго време се задржа на листата меѓу најчитаните книги во New York Times, USA Today и Wall Street Journal, односно нејзиниот бестселер „Јануари, Февруари, Март“ како дел од серијалот „Девојка за месец дена“.
Одри е позната по нејзините возбудливи љубовни приказни кои на читателите им нудат искуство кое истовремено е и романтично и страсно па така нејзиниот серијал Девојка на месец дена е преведен на бројни светски јазици, а на сервисот за продажба Амазон нејзините романи се распродаваат за миг и од критиката освојуваат највисоките оценки.
Романот, т.е. книжевниот серијал со оригинален наслов „Calendar Girl“ е нејзиниот последен бестселер кој го следи ликот Мија Саундерс, младата жена која за многу кратко време мора да најде голема количина пари за да ги врати коцкарските долговите на нејзиниот татко. За да најде пари и преостанува само да стане ескорт дама со детално разработен план. Нејзината тетка за среќа е сопственичка на луксузна ескорт агенција, па и понуди да работи за неа. Тие се договорија месец дена да биде придружба на исклучително богат маж, да се појавува со него и да му служи како муза како би можела да ги заработи парите.
Супер успешниот серијал Девојка за месец дена започнува со епизодата Јануари која истиот момент се искачи на самиот врв меѓу бестселерите во New York Times. Инспирирани од овие романи треба да се сними и нова телевизиска серија чија продукција ја подготвуваат продуцентите на познатата серија Озборувачка (Gossip Girl), а за самиот успех на серијалот зборува и фактот дека се продадени 450 илјади примероци, па многу критичари му предвидуваат успех како и на романот „50 нијанси сиво“.