Нова хит серија на Би Би Си
Еден од најуспешните писатели во шпионскиот жанр секако е Лен Дејтон, автор на шпионскиот роман „SS-GB“ од 1978 година. По серијата „The Night Manager“ која е снимена според истоимениот шпионски роман на Џон Ле Кареа и нејзиниот успех, на малите екрани доаѓа подеднакво возбудлива серија снимена според споменатиот роман на Лен Дејтон.
Главното дејство на серијата се одвива во 1941 година, кога нацистичката Германија тукушто ја освојува Велика Британија. Тоа е сѐ што знаеме за проектот на кој се работи веќе со месеци, а добро е скриен од јавноста. Новата таинствена шпионска драма на Би-би-си гледачите ги тера на размислување како би изгледал светот ако кралот го заробиле нацистите, а кралицата и принцезата избегале во Австралија и ако британските работници станале работна сила за германските фабрики. Освен тоа, приказната по малку контроверзно ја истражува и психологијата на луѓето кои се навикнале на секојдневното присуство и контролата на СС.
SS-GB има интересни сличности со успешната серија Ноќен менаџер (The Night Manager) на Би-би-си. Освен што е заснована на истоимениот роман, нејзината содржина е кондензирана во пет епизоди, пристап кој се покажа како успешен. Серијата обезбеди атрактивна актерска екипа. Главниот лик на Даглас Арчер го игра Сем Рајли (Control, Maleficent, On the Road), а Кејт Босворт ја игра американската новинарка во која се заљубува Арчер.
За самото дејство знаеме многу малку. Го следиме лондонскиот детектив Даглас Арчер (Сем Рајли), кој се наоѓа помеѓу два огна. Од една страна, Арчер мора да им биде потчинет на новите шефови, кои им припаѓаат на СС единиците, а од друга страна е британскиот отпор, кој се обидува да ги совлада новите структури. Решен да го следи законот и да ги заштитува своите сакани, преку истрагата на едно убиство, Арчер наидува на опасни сплетки со глобални импликации, без претерување.
Историските фикции знаат да бидат многу интересни, како за личностите што сакаат историски фикции така и за тие што сакаат да размислуваат што би се случило ако во определен момент реагирале поинаку. Уште во првата сцена на SS-GB, јасно е дека се работи за свет кој истовремено е и познат и туѓ. Бакингемската палата изгледа како и секогаш, со една разлика – сега на неа има свастика. Што ќе се случеше ако нацистите навистина успееја да ја заземат Велика Британија и како ќе изгледаше светот денес, дали воопшто ќе се родевте со оглед на овие промени пред нашето време? Сите овие прашања ќе ве прогонуваат додека ја гледате SS-GB.
{youtube}1y7tHhyowqg{/youtube}
Сценариото го напишаа Нил Пурвис и Роберт Вејд, кои со заеднички сили ги напишаа сценаријата за пет филмови со Џејмс Бонд, вклучително и Skyfall. Дејтон, авторот на романот SS-GB, кој денес има 87 години, го прочитал сценариото пред да започне продукцијата и се согласил дека SS-GB е на добар пат да ги екранизира неговите мисли. Иако дејството се одвива во минатото, продуцентите Морис и Вудвард Џентл нагласуваат дека не можеле да предвидат колку теми, всушност, се поврзани за сегашноста.
Серијата можете ексклузивно да ја следите на Pickbox >>