Ако работите на постигнувањето на рамен извајан стомак и дефинирани стомачни мускули ви предлагаме неколку одлични вежби за овој дел од телото со кои ќе ја разбиете монотонијата од стомачните кои ги правите на секој тренинг.
Потребна ви е само медицинка и добра волја.
Вежбите за стомачни мускули со медицинка се многу ефикасен, бидејќи се прават со дополнителна тежина, за разлика од обичните стомачни кои се изведуваат само со тежината на сопственото тело. Медицинката е еден од најстарите спортски реквизити што се покаќала како навистина ефективна алатка за постигнување на подобри резултати. Предложените пет вежби ќе ви помогнат да го стопите масното ткиво и да го дефинирате обликот на мускулите. За почеток направете една серија, а понатаму можете да ги повторувате во неколку серии и да добиете мини тренинг за стомачни. Немојте да се изненадите ако имате болка во мускулите наредниот ден – тоа само потврдува колку се ефикасни вежбите!
{youtube}oY61TmyZhGc{/youtube}
Кратки и ефикасни вежби за совршено обликуван и кренат задник >>