Многу жени не се задоволни од својата линија која се должи не само на честите посети на кујната (или рестораните), туку и на долгото седење пред компјутер.
Дури и да внимавате на исхраната линијата тешко се одржува токму поради тоа што слабо се движите. Значи? Мораме некако да се размрдаме!
Неверојатен тренинг со кој ќе согорите 150 калории за само 8 минути >>
Познатата инструкторка Зузка Лајт веќе седум години на YouTube ни покажува многу ефикасни вежби кои за многу кратко време даваат одлични резултати. Главната цел е да ни покаже дека за да вежбаме не мора да се подготвуваме и да одиме во теретана, или пак да поседуваме скапи справи за вежбање дома, туку едноставно, со добра волја и посветеност, ќе ја постигнеме целта и со релативно едноставни вежби во нашиот дом.
Нејзината програма се базира на кратки, високо интензивни вежби кои имаат за цел да го кренат пулсот до максимум и да доведат до максимална потрошувачка на калории. Вежбите не траат подолго од 20 минути, а видеото кое ви го презентираме денес ни покажува како да добиеме совршено обликуван задник за само неколку минути.
Кој е најефикасниот метод за слабеење – кардио, интервален тренинг или диета?
Потребни ви се тежини од околу 3 килограми, а ако немате, можете да искористите пластични шишиња полни со песок или ситни каменчиња. Со среќа!
Како да согорите 400 калории и да го дефинирате целото тело за само половина час дневно >>