На жените не им доликува да споделуваат селфи фотографии ако се постари од 34 години!
Е овој вид на дискриминација ни оди на нерви …
Едно истражување кое беше спроведено неодамна на една американска веб страница покажа дека во општеството се уште е втемелена родната и старосната дискриминација. И тоа повеќе се однесува на жените. Имено според ова истражување, голем број испитаници смета дека жените НЕ треба да носат долга коса или кожени фармерки по 46 или 47 година. Според истото истражување исто така повеќето испитаници сметаат дека е невкусно жените по 38 година да го украсуваат своето тело со тетоважи, но и дека ако сте се тетовирале во младоста, во тие години би требало да почнете да ги криете вашите тетоважи.
Популарните селфи фотографии исто така беа дел од истражувањето, а мислењето на јавноста подразбира дека жените треба да се воздржуваат од такви фотографии откако ќе наполнат 34 години. Како за споредба само, земете ја на пример Ким Кардашијан која има 36 години и е кралица на истите фотографии на социјалните мрежи, што значи …
https://www.instagram.com/p/77oJn-uVq_/
Клубовите и концертите, според истото истражување, се забранети места за претставничките на понежниот пол кои наполниле 44 години.
Па зарем не ве нервираат вакви резултати?