Нема да ви се верува колку време е потребно за да се изработи овој бајковит фустан од Диор
Од сите гламурозни креации, посебно се издвои еден модел …
Не знаеме дали е она што го очекувавте
Имено, станува збор за фустан од модниот бренд Диор кој беше претставен на ревија која се случи неодамна на која во првите редови беа бројни влијателни дами, како што се Оливија Палерло, Дијана Кругер и Кјара Ферагни. Но меѓу креациите на гламурозната ревија, кои се подготвуваат со недели и недели претходно, посебно се издвои еден бајковит фустан за кој е потребно дури 800 часа за да се изработи.
Колекција направена според теркот на модерните деловни жени >>
За да не ги вадите вашите дигитрони, се работи за 33 денови изработка, а за тоа најмногу е виновен нежниот материјал и богатиот вез. Па така на прв поглед можеби овој розово-црн фустан нема да ви остави бог знае каков впечаток и можеби нема да претпоставите дека за неговата изработка е потребно толку многу време, но фустанот е инспириран од millefeuilleom – француско печиво кое се прави од слоеви лиснато тесто.
Нова колекција од Parfois за жени кои се подготвени за неочекувани авантури >>
Вториот слој со тил е зачинет со раскошни цветни детали, кои се дело на куќата „House of Lesage“ која прави вакви декоративни делови за познатите француски модни куќи меѓу кои е и Шанел. „Цвеќето по жените, е најпрекрасната креација на природата. Тоа е уникатно и шармантно поради што кон него сите треба да се однесуваме со нежност, впрочем како и кон жените“, порачаа од модната куќа Диор.
https://www.instagram.com/p/BP7ofqyD3un/
Па, дали ви се допаѓа нивниот фустан?