Сонувавте секс со бившиот или со вашата другарка? Прочитајте какви силни пораки се кријат зад овие еротски соништа
Најверојатно ова никогаш не би ви паднало на памет.
Повеќето од нас барем одвреме-навреме имаат еротски соништа, во кои главната улога ја играме ние самите, односно нашите партнери, симпатии или познаници. Можеби се срамите од овие соништа, или ви е многу непријатно поради нив, можеби мислите дека не се нормални или вообичаени, но интересно е што тие носат важни психолошки пораки.
Голем број луѓе понекогаш има дури и неприкладни секси соништа, поточно оние во кои другиот актер е „забранета“ личност. Тоа НЕ значи автоматски дека сакате секс со таа личност, туку сонот крие преносно значење.
Ги издвоивме најчестите еротски соништа, односно три такви и ви откриваме што всушност значат тие, и дали треба да бидете загрижени.
Ако сонувате дека сте неверни
Ова секако дека НЕ значи дека не сте задоволни од вашиот сексуален живот или дека посакувате афера. Всушност, ова може да укаже на тоа на некое друго поле сте неискрени кон вашиот партнер. Можеби нешто излажавте или премолчевте, или едноставно направивте некоја ситна „измама“. Исто така овие соништа можат да преставуваат и вашата желба за експериментирање или мала промена во вашите сексуални навики.
Ако се сонувате дека вашиот партнер ве изневерува, тогаш најверојатно се чувствувате несигурно, односно се плашите од раскинување.
Сонувавте секс со личност од истиот пол
Ова НЕ значи дека имате хомосексуални желби. Овие соништа всушност укажуваат на тоа дека треба повеќе да се сакате и почитувате самите себеси. Ако бевте премногу критични кон вас самите во последно време, или имате проблеми со самодоверба, голема е веројатноста вашата психа на ваков начин да ви порачува дека е време за малку самољубие.
Исто така сексот со личност од ист пол во сонот може да претставува страв или срам од некоја ваша маана или слабост.
Сонувате секс со бившиот
Соништата во кои завршувате во кревет со вашиот поранешен партнер НЕ значат дека се уште го сакате, или дека не сте го преболиле. Токму затоа и не треба веднаш да се фатите за телефон и не треба да му се јавите, бидејќи ваквите соништа повеќе имаат врска со вашите нови пријателства и односи, отколку со старите. Најверојатно станува збор за тоа дека се плашите вашата нова врска да не тргне во негативен правец како и претходната, или да не ги доживеете истите искуства какви имавте со поранешното момче.
На сите ни е пријатно кога сме во нивна близина – ова се најпаметните хороскопски знаци >>
Суштината и најважната порака во овие соништа е дека морате да најдете начин да раскинете со минатото и да се ослободите од тежината.
lepotaizdravlje.rs