Кендал Џенер отиде предалеку за да го намали својот апетит
Сите знаеме дека манекенките се под постојан притисок, но по се изгледа дека познатата манекенка од кланот Кардашијан-Џенер отиде предалеку. Имено полусестрата на Ким Кардашијан призна дека својата соба ја обоила во розова и затоа што е докажано дека оваа боја го намалува апетитот. „Постоеше розова соба на една изложба, а објаснето е дека розовата во Baker-Miller нијансата е единствената боја за која е научно докажано дека смирува и го намалува апетитот. Помислив дека ми треба оваа боја во мојата куќа“, призна манекенката и предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BPDPTe2AI2O/
„Кендал Џенер намерно ја обои собата во бојата која го намалува апетитот. Навистина ги мразам славните и ова изопачено друштво“. „Кендал Џенер вели дека боледува од тегобности. Тешко ми е да поверувам во тоа особено бидејќи се има излечено така што ја бојадиса својата соба“ и „Кендал Џенер на младите девојки им порачува дека покрај розовата боја мораат и да изгладнуваат за да бидат како неа“ – ова се само дел од коментарите кои беа упатени на нејзина адреса поради нејзината розова соба.
Блогилатес – најдобрите пилатес вежби за рамен стомак >>