Реклама
Хороскоп

Љубовен профил на Раковите – хороскопскиот знак кој важи за крал на емоциите!

Реклама

„Ракот од својот партнер очекува потполна поврзаност, бескрајно внимание и разбирање и посебно психолошка, емотивна или материјална сигурност.“

Ракот, како Месечево дете, е крал на емоциите и тој најчесто го менува расположението како што Месечината ги менува своите фази или минува низ различни ментални и емотивни состојби, така што понекогаш не треба да се бара одреден повод или причина, ниту разумно или логично објаснување. Сепак, не треба да се заборави на тоа дека природата го прави своето, односно секогаш постои “рамнотежа“ – Раковите се посебно сензитивни и исткаени од нежни емоции, но, тие, истовремено, поседуваат и “добар штит“.

Маркетинг

Можете да бидете сигурни во тоа дека тие грижливо го чуваат она за што се грижат и дека околу себе имаат грижливо подигнати ѕидови или огради. Доколку навистина сакате да го освоите нивното срце и да стигнете до нивното ”љубовно царство”, тогаш мора да бидете подготвени на различни тестови за издржливост и доверба, како и емотивна приврзаност.

Тие имаат храбро и златно срце: единствениот хороскопски знак кој може да ви прости се >>

Маркетинг

Постои прекрасна анегдота во вид на коментар, која на добар начин го илустрира нивниот психолошки профил и карактер, нивниот стил на изразување, расположение и однесување. Еден маж ја опишува својата партнерка на свој пријател: „Знаеш, таа (жена Рак) е толку емотивна, нежна и внимателна – исткаена е од најтенки емоции, но ако случајно пробаш да ги изиграш нејзините чувства, да ја изневериш или да ја повредиш нејзината фамилија – Таа засекогаш ќе ти ја затвори вратата. Тоа нежно суштество се затвора во својот непробоен оклоп и нема да ти дозволи повеќе да ја допреш.“ Значи, Ракот од својот партнер очекува потполна поврзаност, бескрајно внимание и разбирање и посебно психолошка, емотивна или материјална сигурност. При тоа, во никој случај не треба да се заборави дека Раковите се многу традиционални и дека семејството е нивното најсигурно прибежиште.

Овој хороскопски знак нема никогаш да ја изневери својата сакана >>

Потоа, не заборавајте дека Ракот едноставно ужива во тоа да биде пазен и разгален, но тој има преголеми очекувања во таа смисла, бара “посебен третман“. Односно, вие мора да дадете максимум во било која смисла, а за возврат Ракот ќе ви ја понуди својата приврзаност и верност. “Клучевите на љубовта“ Ракот сигурно ги држи во свои раце, а “тајната шифра“ грижливо ја чува во својата глава, затоа што тоа е најсигурниот начин трајно да се сочува вашата љубовна врска. Бидете сигурни дека тоа е правата вистина, затоа што Ракот навистина поседува неверојатни способности и умее да ја сочува својата љубовна или брачна врска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button