Производ на неделата – најдобриот кармин во темноцрвена боја на нашиот пазар!
Може да се купи и во Македонија
Темните кармини дефинитивно се најпопуларни за оваа сезона и секоја жена треба да има барем еден кармин во оваа нијанса во својата козметичка чанта.
Оваа шминка е една од најпопуларните за оваа сезона >>
Кармините во вишна боја се хит на социјалните мрежи. Тие даваат по малку драматичен, но истовремено гламурозен изглед и се совршен избор за сите дами кои сакаат да изгледаат неодоливо, таинствено и женствено. Што се однесува до нас, нам омилен кармин во оваа боја ни е карминот Matt Lasting Lipstick од Seventeen (нијанса N.44). Станува збор за кармини со долготраен мат ефект на усните, во модерни есенски нијанси, со заштитен фактор СПФ 15. Карминот е во елегантно сребрено пакување, не остава трага и збогатен е со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните, а најдобро од се е што може да се купи за само 320 денари од Троски/мк, но и од сите поголеми парфимерии во Македонија..
види повеќе » |