Девојки бидете подготвени – овие панталони се враќаат на голема врата, па ако ги следите трендовите тогаш морате да ги имате во вашите плакари!
Станува збор за модел кој беше популарен во 80-тите и кој ќе биде вистински хит оваа пролет, а тоа го велат и одговорните во онлајн продавницата Moda Operandi. Овој интернет бутик го води Лаурен Санто Доминго кој со својот тим веќе знае што ќе носиме следната пролет, па селектираше парчиња кои и во овој момент можете да ги купите од нивната продавница.
Грдите панталони кои беа хит во 90-тите повторно се во мода >>
Па така ако ги слушаме одговорните во #modaoperandi тогаш треба да се откажеме од нашите омилени тесни фармерки и boyfriend моделите, и во нашите плакари да направиме место за таканаречените каки панталони.
Тие се прогласени за водечки тренд за следната пролетна сезона (да, да токму затоа повторно ви пишуваме за нив), а од моделите ќе доминираат оние полежерните, со врвки, како и елегантните килоти модели.
Заборавете ги тесните фармерки – во мода се овие модели >>
Не треба да заборавите и дека каки не се однесува само на маслинесто зелена и окер боја, туку и на кремасти, пудрести, златни и ivory нијанси.
види повеќе » |