Најубавиот подарок со кој можете да развеселите девојка на Денот на вљубените
Бидејќи се приближува денот на вљубените и се уште не знаете што да и подарите на вашата сакана, еве ви совршена идеја.
Признаваме дека не станува збор за нешто така евтино, но овој мини фотоапарат дефинитивно ќе го освои секое женско срце. Станува збор за моделот Instax mini 8 кој доаѓа во облик на полароид и не потсетува на старите убави времиња. Може да се најде во разни бои, а неговата цена се движи од 80 до 120 долари. Трикот е во тоа што отприлика за една минута откако ќе сликнете нешто, на горниот дел од апаратот излегува фотографија со димензии 5.3 см x 8.4 см, односно нешто помала од оние што некогаш излегуваа од старите полароид фотоапарати, во винтиџ стил, и која може да ви ја собере во паричникот.
Но поскапиот дел од приказната е секако филмот, бидејќи 10 хартии за овој апарат изнесуваат отприлика 15, а 20 – 25 долари. Можете да ги порачате и преку eBay за околу 27 долари за 40 хартии, а најскапи се црно-белите.
Интересна информација која исто така треба да ја споменеме, и која е важна ако планирате да патувате и притоа да се фотографирате, е и тоа дека овој фотоапарат не треба да се користи на температури пониски од 5 и повисоки од 40 степени.