Нови вирални патики на познатиот германски бренд.
Adidas Originals EQT се новите хит патики на познатиот бренд кои преку ноќ станаа хит на Инстаграм и ги окупираа улиците низ светските метрополи. Имено станува збор за редизајн на патиките од серијата Equipment од 90-тите кои овој пат изгледаат одлично во урбано опкружување на трендсетерките и нивните кул streetwear комбинации. Цената се движи од 100 до 120 долари и воопшто не се сомневаме дека ќе ја достигнат популарноста како и останатите модели од овој германски бренд (Superstar, Stan Smith, Gazelle…).
Овие патики се еден од најголемите трендови во светот – ги носат ама баш сите >>
Па, дали ви се допаѓаат?
Патиките кои ги носевме во средно во моментот се вистински хит на Инстаграм >>
Фото: Juergen Teller