Оваа диета се заснова на урамнотежена исхрана која се состои од 20 до 30 отсто протеини, 40-50 отсто јаглени хидрати и 30 отсто маснотии.
Ваквиот начин на исхрана се препорачува за лекување и превенција на многу болести како артритис, Алцхајмерова болест, рак, псоријаза, воспаление на слепото црево и кардиоваскуларни заболувања.
Анти-воспалителната диета не претставува план за брзо и нездраво губење на тежината. Напротив – оваа диета има за цел да го промени начинот на живот и навиките за јадење, и на тој начин да доведе до подобрување на општата здравствена состојба на долгорочен план. Осмислена е од страна на д-р Ендру Веил токму со цел на подобрување на здравјето преку исхраната. Оваа диета се препорачува за лекување и превенција на многу болести – артритис, Алцхајмерова болест, рак, псоријаза, воспаление на слепото црево, и кардиоваскуларни заболувања.
На диетата се јаде балансирана исхрана која мора да се подели на 20 до 30 отсто протеини, 40-50 отсто јаглени хидрати и 30 отсто масти. Секој оброк треба да ви обезбеди мноштво хранливи материи, но при подготовката на оброците треба да се раководите според следниве насоки:
– Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук и јадете овошје и зеленчук во многу различни бои – Преработените јаглехидрати треба да се заменат со интегрални житарки (кафеав ориз, леб од интегрални житарки, овес, и т.н.) – Треба да јадете мешунки, бидејќи тие се богати со хранливи материи како калиум, магнезиум, фолна киселина, и се добар извор на растителни влакна кои што помагаат во регулирање на варењето на храната – Не заборавајте на омега-3 масните киселини (се наоѓаат во рибата, авокадото, маслиновото масло, оревите и производите од соја) – Избегнувајте млечни производи и црвено месо, протеини може да внесувате преку различни видови на зеленчук и месо од живина – Пијте многу вода, но ако сакате да пиете чај, изберете зелен чај, улонг или бел чај – Избегнувајте секаква преработена храна- Храната можете да ја зачините со куркума, ѓумбир и лук, како и билки како што се рузмарин и мајчина душица (зачините имаат анти-воспалително дејство). |
Колку калории се внесуваат дневно?
Во зависност од структурата на телото, возрасните лица треба да внесуваат од 2000 до 3000 калории на ден. Секако, вкупниот внес на калории зависи од многу фактори, како полот, возраста и активностите во текот на денот, затоа што на луѓето што не се движат доволно им се потребни помалку калории. Затоа, треба да го слушате вашето тело и да му дадете доволно храна земајќи ги во предвид активностите во текот на денот, бидејќи во спротивно може да дојде до зголемување на телесната тежина наместо до намалување.
Додатоци на исхраната
Д-р Ендру Веил поддржува додатоци на исхраната, поради тоа што често се случува преку храната да не внесуваме доволно хранливи материи (на пример внесувајте капсули рибино масло, ако во текот на неделата не јадете доволно риба и сл.).