Луѓето кои утрото веднаш по будењето палат цигара имаат значајно поголем ризик од неколку опасни и смртоносни болести.
Поради тоа размислите уште еднаш пред да го повлечете првиот дим.
Утринското пушење се дефинира како палење на цигара во првиот половина час по буењето, а оваа навика го зголемува ризикот за добивање рак на белите дробови за 79% во споредба со нејзиното палење еден час подоцна.
Овие „рани“ пушачи исто така имаат и 59% поголем ризик за развивање на рак на главата или вратот. Точната причина за толкавото зголемување на ризикот сеуште не е познат, но истражувачите сметаат дека главната причина е тоа што луѓето кои истиот момент по будењето палат цигара стануваат поголеми зависници.
„Овие луѓе имаат значително поголемо ниво на никотин и други токсини од тутнот во своето тело и веќе се навлечени на цигари затоа што не можат да сочекаат еден час. Исто така, ваквите луѓе пушат со значително поголем интезитет и поради тоа увлекуваат поголем дим во белите дробови и се изложуваат со поголема количина на канцерогени материјали“, смета докторот Џошуа Мускат од Пен Стејт од медицинскиот колеџ, а пренесува магазинот Time. Се ова укажува на фактот дека веднаш по будењето се фаќаат за цигарата посебно се ранливи на рак.