Реклама
Модни совети

Чизми за планинарење и пешачење: Како да го изберете вистинскиот модел

Реклама

Изборот на вистинските обувки за пешачење во кои ќе се чувствувате најудобно зависи од повеќе фактори, првенствено од тоа како и каде пешачите. 

Како и да е, пред да ги заврзете врвките мора да бидете сигурни дека сте го избрале вистинскиот модел за вас. Еве на што треба најмногу да внимавате:

Маркетинг

ТИПОВИ 

Постои широк асортиман на различни типови на обувки за пешачење, од ултра лесни патики до чизми за планинарење.

Маркетинг

КОМПОНЕНТИ 

Малите познавања во врска со тоа од што се изработува надворешниот дел, внатрешниот дел, ѓонот и другите делови на обувките, можат многу да ви помогнат во изборот.

СООДВЕТЕН БРОЈ 

Ниту едни обувки нема да ви бидат добри доколку совршено не ви одговараат по величината. Можат да постојат мали разлики помеѓу различни модели на обувки со ист број, затоа убаво пробајте на ногата и спасете се од плускавици и болни прсти.

Видови на обувки за пешачење и планинарење

 

Обувки за пешачење

Ниските модели со флексибилен среден ѓон се одличен избор за дневно пешачење. Ако носите ултра лесна опрема (ранец) можете да изберете дури и полесни патики за пешачење/трчење за движење на подолги патеки.

Дневни чизми за пешачење

Овие модели се движат во опсегот од средно високи до високи модели и се наменети за дневни пешачења или движења на кратки патеки со лесен товар. Тие најчесто лесно се виткаат и им е потребен краток период за прилагодување, но им недостасува потпората и трајноста на цврстите и стабилни чизми за планинарење.

Чизми за планинарење

Овие чизми се дизајнирани за носење на потешки товари на повеќедневни патувања во природа. Најголемиот дел од моделите се високи над глуждот со дел што го обвиткува глуждот и му обезбедуваат одлична потпора. Тие се издржливи и стабилни, со поцврст среден ѓон од полесните обувки и се погодни за движење по и надвор од планинарски патеки.

Компоненти на чизмите за пешачење

Hiking Boot Uppers

Материјалот има влијание на тежината на обувката, пропустливоста на воздух, трајноста и водоотпорноста.

Полна (зрнеста) кожа: Полната кожа има одлична трајност и отпорност на абење, како и многу добра отпорност на вода. Најчесто се користи во чизми за пешачење предвидени за долги пешачења, носење на тешки товари и нерамен терен. Не се лесни или пропустливи на воздух како чизмите направени од комбинација на цепена кожа и најлон. Потребно е подолго време за да се разгазат пред да тргнете на подолго пешачење.

Цепена (шпалт) кожа: Необработената кожа на машина се сече на два слоја, од кои долниот слој се нарекува цепена или „шпалт“ кожа. Цепената кожа обично се комбинира со најлон или најлонска мрежа и се создава лесна чизма што овозможува одлична пропустливост на воздухот. Позитивната страна е секако поевтината цена, а негативната е помала отпорност на вода и абење (иако многу модели имаат водоотпорни облоги).

Nubuck кожа: Nubuck кожата е всушност полна (зрнеста) кожа која е обработена да изгледа како плиш. Многу е издржлива и отпорна на вода и абење.

Исто така е прилично флексибилна, но и на неа и треба време за прилагодување на ногата пред подолго пешачење. Модерните чизми често се изработени и од синтетика: полиестер, најлон и таканаречена „синтетичка кожа“. Тие се полесни од природната кожа, побрзо се прилагодуваат на ногата, побрзо се сушат и обично се поевтини. Негативна страна: може побрзо да се оштетат поради шиењето на надворешната страна на чизмата.

Водоотпорни мембрани: Чизмите и чевлите означени како „водоотпорни” содржат горен дел направен од водоотпорни мембрани кои пропуштаат воздух (како Gore-Tex® или eVent®) кои ги одржуваат нозете суви во мокри услови. Негативна страна: намаленото „дишење“ поради мембраната (во споредба со мрежата за вентилација што се користи кај некои неводоотпорни модели) може да поттикне потење на нозете на топло време.

Веган: веганските обувки за пешачење се изработуваат без употреба на состојки или суровини од животинско потекло.

Изолација: на некои чизми за планинарење им се додава и синтетичка изолација која обезбедува топлина за планинарење по снег или глечери.

Среден ѓон на обувките за пешачење

Средниот ѓон што обезбедува амортизација, ги штити стапалата од удар и во голема мера ја определува цврстината на обувката. Тврдите и крути обувки можеби не звучат како добра идеја, но тие нудат поголема удобност и стабилност при долги пешачења по карпест и нерамен терен. Крутата обувка ги штити стапалата од влијанијата на нерамниот терен односно на камењата и корените од дрвја по кои газите. Средниот ѓон најчесто се прави од материјали како ЕВА (етилен винил ацетат) и полиуретан

Внатрешна потпора на обувките за пешачење

Подлоги: 

Овие влошки со дебелина од 3–5mm се вметнуваат помеѓу средниот и надворешниот ѓон за дополнителна цврстина при оптоварување на средниот ѓон. Варираат во должина, некои ја покриваат целата должина на средниот ѓон, додека други само половината.

Влошки: 

Овие тенки, полуеластични влошки се вметнуваат помеѓу средниот ѓон и надворешниот ѓон, под подлогата (доколку ја има). Тие ги заштитуваат стапалата од повреди од корења, камења и нерамни карпи.

Надворешен ѓон на обувките за пешачење

Надворешниот ѓон на сите чевли и чизми за пешачење се изработува од гума. На некои модели на чизми за планинарење или качување се додаваат адитиви во надворешниот ѓон како јаглерод за зголемување на тврдоста. Тврдиот ѓон ја зголемува трајноста и издржливоста но може да доведе до лизгање ако излезете од патеката. Ако планирате да одите на планинарење или подолго пешачење во природа во зима, најважниот фактор за вашата безбедност секако дека се соодветните чизми, но и дерезите. Затоа кога барате чевли или чизми за планинарење, земете ја во предвид и нивната компатибилност со дерези.

ВЕЛИЧИНА НА ЧИЗМИТЕ

Чизмите за пешачење/ планинарење треба убаво да ви одговараат насекаде на стапалото, никаде да не ве стегаат и да имаат простор да ги мрдате прстите. Пробајте ги на крајот на денот (откако ќе ви потечат стапалата) и со чорапи со кои планирате да ги носите.

Изберете го вистинскиот број

Должината, ширината на стапалото и висината на рисот треба правилно да се измерат, најдобро со специјално калибриран уред. Волуменот на стапалото е исто така важен фактор кој треба да се земе во предвид. Побарајте совет од искусен продавач. Исто така можете да го определите бројот и со користење на шаблони на кои се дадени броевите на чевлите. Пробајте ги чевлите, а уште еднаш проверете со тоа што ќе ги извадите внатрешните влошки и ќе застанете на нив – треба да имате еден палец ширина помеѓу вашиот најдолг прст и крајот на влошката.

Како што кажавме, купувајте чевли на крајот на денот, откако нозете нормално ќе ви потечат за да избегнете купување на чевли кои ви се мали. Облечете чорапи кои планирате да ги носите со чевлите. Многу често на пешачење/планинарње се носат и по два пара чорапи, така што ако имате ваква навика облечете ги и двата пара кога ќе одите да купувате. Дебелината на чорапите може да повлече потреба од еден број поголеми чевли. Подобар избор се синтетички чорапи од памучни кои многу бавно се сушат и можат да ви предизвикаат плускавици.

Прошетајте се низ продавницата со чизмите да видите како ги чувствувате на нога. Пробајте ги и на скали и на коса површина. Прстите не треба да ви удараат во крајот на чевлите кога стоите на коса површина, не треба да чувствувате стегање или притискање во кој било дел од стапалото. Ако чевлите се убаво врзани и се уште чувствувате простор над горниот дел од стапалото, не ви одговара волуменот на чевелот.

За дополнителна удобност, потпора или прилагодување на вашето стапало можете да користите и внатрешни влошки. Уште една важна работа која многу често се заборава – убаво разгазете ги чевлите пред првото пешачење или планинарење за да се обликуваат според стапалото и да избегнете појава на плускавици и болни прсти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button