Нема да ви се верува, но оваа девојка некогаш имала 140 кг. Еве како изгубила 75 килограми!
Оваа 30 годишна девојка ослабе 75 килограми откако одлучи да го остави алкохолот и да почне да живее здраво.
И денес сите се вртат по неа, но поради сосема поинакви причини.
Алкохоличарка која го привлекуваше вниманието на мажите кои имаат фетиш кон дебелите девојки, успеа да ја победи зависноста и да ослаби така што денес е речиси непрепознатлива и работи во салон за убавина. Станува збор за 30-годишната Кортни Мегвајер од Хјустон во Тексас која ослабе дури 75 килограми од кога реши да си го доведе животот во ред, да го остави алкохолот и да почне да живее здраво.
„Мажите со кои излегував порано ми зборуваа дека им се допаѓаат полни девојки и не ме подржуваа ако сакав да почнам со некоја диета. Покрај тоа јас целото време се убедував себеси дека не сум дебела, па таквите комплименти и поприлично ме навредуваа“, изјави Кортни за весникот „Њујорк пост“.
Кога прв пат пред седум години реши да изгуби килограми, најпрво направи операција на намалување на желудникот. Но, поради последиците не можеше да ја вари храната па повраќаше. Тоа пак ја поттикнуваше уште повеќе да јаде. „Одев во ресторани со брз храна и порачував по пет порции одеднаш. Понекогаш ќе изедев сé“ вели Кортни.
Таа во најлошата фаза имала 140 килограми а во 2014 престана да пие алкохол. Тогаш направи уште еден зафат и сфати дека операциите не се шега и дека мора да го промени животот. Му се посвети на вежбањето и за првите четири месеци изгуби 20 килограми.
Од брза храна премина на исхрана богата со протеини, се запиша на пилатес, танц околу шипка и балет. Како и се менуваше телото, таа сфати дека околу стомакот и се создал вишок кожа, а нејзините бујни гради изгледаат обесено. Затоа минатата година се почести со зголемување на градите и тргање на вишокот кожа.
„Некои мојот стомак го споредуваа со стомакот на жените кои родиле повеќе деца. Изгледаше како издишан балон, а градите откако ослабев ги изгубија сите масни наслаги“, изјави Кортни додавајќи дека и на врските и односите денес гледа сосем поинаку. Повеќе не влегувам во врска само затоа што му се допаѓам на некој. Бев навистина во лошо врски бидејќи сметав дека не заслужувам подобро поради мојот поранешен изглед“.
Магвајер денес е свесна млада жена која како излечена алкохоличарка вели: „Факт е дека да не бев трезна ништо од ова немаше да се случи“.