Шминка

Едноставни, но корисни трикови за убавина на Иванка Трамп

Advertisement

Ќерката на претседателот на Америка, Доналд Трамп, плени со нејзината убавина каде и да се појави, а клучот е во едноставноста …

Advertisement

Нејзините трикови за убавина, секоја жена може да ги примени.

Кога ќе го слушнете името Иванка Трамп најверојатно прва асоцијација ви се гламур, дијаманти, високи потпетици и скапоцени фустани што и не е многу далеку од вистината. Но ќерката на новиот претседател на Америка има многу поедноставен стил, и тоа не само кога е облеката во прашање, туку и на начинот на кој се негува и ја подржува нејзината линија. Таа не е само успешна деловна жена, туку и мајка на три деца.

Advertisement

Иванка по секоја од трите бремености без проблем ја врати својата првобитна линија. Покрај редовните тренинзи, Иванка внимава и што јаде. За ручек и вечера обично избира протеини, како што се пилешко или риба. Нејзиниот режим на исхрана е многу едноставен – се обидува оброците да и бидат што поздрави, со помалку калории, а повторно хранливи како што е на пример супа од зеленчук. Чорбичка од грашок или брокули и се омилени. Најчесто купува органски производи, а кога станува збор за нејзините трикови за убавина воглавно секоја жена може да ги примени. Нејзините омилени три препарати за разубавување се тониран балсам за усни, руменило за истакнување на јаболкниците и пудра со заштитен фактор. Како многу зафатена деловна жена, се обидува да биде што попрактична и поедноставна кога е облеката во прашање.

„Она што ќе го облечам наутро, со тоа се играм и со децата на подот, ги возам во училиште и ги носам нивните торби со книги, а потоа одам на моите деловни состаноци. Гардеробата треба да работи за нас, бидејќи многу често се случува да немаме време да се пресоблекуваме“, изјави Иванка за познатиот моден портал „InStyle“.

Без накит не оди никаде бидејќи смета дека токму модните детали можат да ја зачинат секоја едноставна модна комбинација. „Деталите се клучни. Добра чанта и убаво парче накит ненаметливите модни комбинации ги подигаат на повисоко ниво, изјави Иванка за магазинот „Harpers Bazaar“. Она што можеби е најинтересно е тоа што Иванка не користи лак за нокти. Како што откри за порталот „InStyle“ таа не става лак за нокти бидејќи е презафатена и нема време да го менува, а брзо се брише. „Не трае ни три дена“, вели таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button