Реклама
Шопинг

Овие патики се еден од најголемите трендови во светот – ги носат ама баш сите!

Реклама

Дали се сеќавате на сивиот капут од познатиот шпански бренд Зара за кој ви пишувавме при крајот на минатата година?

И во овој момент во светот се случува нешто слично, но во средиштето на вниманието овој пат НЕ е капут, туку еден модел на патики. И тоа патики кои најверојатно и многумина од вас ги имаат дома и кои во моментов важат за најпопуларно парче во светот на модата.

Маркетинг

Повеќе за овој капут од Зара прочитајте тука >>

Маркетинг

Овој модел на патики во моментов го носат сите, а на една фотографија фатени се дури шест жени како ги носат истите. Но работата да биде уште поинтересна не само што се работи за ист модел, туку станува збор и за исти бои, односно бели патики со три црни линии иако овој модел денес можете да го сретнете во безброј варијанти и бои.

Станува збор за култниот модел Adidas Superstar односно патиките со три препознатливи линии кои во моментов можат да се набават за цена од 50 фунти. Овој модел дебитираше во 1969 година како патики за кошарка, но набргу станаа икони на уличниот стил и маст-хев патики како меѓу мажите така и меѓу претставничките на понежниот пол.

Денешните патики се репродукција која повторно ги освои срцата на мажите и жените од целиот свет, но и на познатите ИТ девојки кои радо ги носат во различни пригоди.

Па дали ги имате и вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button