Кафе муабет

Цело време погрешно сме ги полнеле мобилните телефони!

Advertisement

Иако се верува дека честото и краткотрајно полнење на батеријата ќе резултира со нејзино оштетување и дека полнењето се препорачува кога батеријата е на 1 посто, сме биле во заблуда.

mobile

Advertisement

Така барем тврдат од компанијата „Cadex“ која се бави со производство на батерии. Литиум–јонските батерии во нашите телефони се чувствителни на „стресот“ на кој ги изложуваме и со тек на време нивниот работен век се намалува.

За батериите да функционираат нормално, би требало да се придржувате до советите од споменатата компанија :

Извадете го полначот од телефонот кога батеријата потполно ќе се наполни

Advertisement

Оставањето на телефонот на полноќ, на пример во текот на ноќта, може долгорочно да ја оштети батеријата. Кога телефонот ќе достигне 100 проценти, цело време добива дополнителна енергија за да остане на максимум, бидејќи е цело време вклучен на струја. Тоа ја оштетува батеријата.

Не полнете ја батеријата до максимум

Подобро е батеријата да остане под максималното ниво, бидејќи високата волтажа и штети. Можеби звучи контрапродуктивно ако сакате вашиот телефон да ве служи во текот на целиот ден, но е многу подобро повремено во текот на денот да го полните, отколку тоа да го сторите еднаш и тоа до крај.

Телефонот полнете го кога можете

Во најдобар случај, ставете го на полнење телефонот штом ќе изгуби 10 проценти од енергијата. Не само што на тој начин вашата батерија ќе функционира оптимално на подолгорочен план, туку и секогаш ќе имате телефон подготвен за користење.

Разладете го телефонот

Батериите се чувствителни на топлина, па многумина препорачуваат да ги отстраните заштитните маски за време на полнењето. Ако забележите дека уредот се прегреал додека е на полнач, извадете ја маската. Исто така, немојте да дозволите телефонот долго да стои на сонце, бидејќи и тоа може да ја оштети батеријата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button