Според една нова поприлично загрижувачка студија депресијата е причина за секој пети инфаркт
Депресијата за срцето е подеднакво опасна како и дебелината и високиот крвен притисок, се вели воедно ново германско истражување.
Според податоците на германската студија утврдено е дека депресијата предизвикува 15 отсто од инфарктите, дебелината 21 отсто и висок притисок 8.4 отсто. Научниците истакнуваат дека овој податок е од витална важност бидејќи депресијата погодува 350 милиони луѓе ширум светот според податоците на Светската здравствена организација. Авторот на студијата, професорот Карл Ханјц Лудвиг од Техничкиот универзитет во Минхен вели дека нема сомневање дека депресијата е ризичен фактор за кардиоваскуларни болести но во прашање е каква е врската помеѓу депресијата и другите ризични фактори како што се пушењето, високиот холестерол, дебелината и хипертензијата и колкава е улогата на секој поединечен фактор.
Во период од 10 години следено 3500 машки пациенти
Студијата во време од 10 години следеше околу 3500 машки пациенти од 45 до 74 години. За време на студијата починаа повеќе од 500 луѓе, од кои половина од срцеви заболувања. Депресијата била причина во 15 отсто од смртните случаи. Токму затоа и авторот на студијата вели дека со неа се покажало дека помеѓу главните, а неприродни причини кои се ризични фактори за срцеви заболувања, депресијата има средно силно влијание.
Кај високо ризичните пациенти, дијагностиката на депресијата би требало да биде стандардна, вели професорот Лудвиг.