Реклама
Стил

Неверојатна стилската трансформација на Памела Андерсон

Реклама

Памела Андерсон повеќе не носи само длабоки деколтеа и кратки фустани

Оваа русокоса дама беше позната по нејзиниот вонсериски сексапил кој не го криеше туку го истакнуваше на секоја пригода и на секој можен начин. Сите оние парчиња за кои ви е потребна храброст за да ги носите, Памела ги носеше без проблем и беше во центарот на вниманието каде и да се појавеше. Но како минуваат годините ако привлекувате внимание на овој начин може да изгледа невкусно и непристојно, особено ако сте во педесеттите како Памала и зад себе имате деца кои веќе се во тинејџерски години. Но, тоа можеби баш така и би изгледало ако Памела неодамна не ја запознаеше стилистката Мартина Нелсон со која соработуваше на филмот „Connected“ и која е верна активистка на организацијата PETA исто како и Памела. Тие двете набргу се спријателија, а Мартина во еден момент имаше прилика да ѕирне во плакарот на Памела и да се шокира од сето она што ќе го види таму.

Маркетинг

Заборавете ги тесните фармерки – во мода се овие модели >>

Маркетинг

„Во нејзиниот плакар се наоѓаат прекрасно организирани фантастични парчиња. Тука е преубава цветен фустан во винтиџ стил кој и е купен при последната посета на Франција, преубави парчиња со потписот на Том Форд, Вивиен Вествуд, Долче и Габана, Стела Макартни. Бев шокирана. Изненадена ја прашав зошто не носи ништо од ова? Таа само ми се насмевна, ми намигна и ми кажа – а би требало, нели?“ На тој начин, со помош на стилистката Памела направи драстична трансформација и нејзиниот стил од секси заводничка премина во класичен и дамски. А ние сме и повеќе од воодушевени од тоа како и стои!

На следната страна погледнете го нејзиниот нов имиџ >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button