Отворено писмо на модната креаторка Викторија Бекам: како да ја победите несигурноста и да го извлечете максимумот од вас
И таа некогаш била несигурна и правела големи грешки (поради кои денес се кае), но со годините и научила како најдобро да се соочува со животните проблеми.
Секој од нас има по некоја порака која може да си ја порача на помладата верзија на самиот себеси, па така и модниот могул Викторија Бекам. Таа е бизнисменка, дизајнерка и поранешен член на светски познатиот поп бенд „Spice Girls” , а неодамна за британскиот Вог објави писмо кое и е упатено на осумнаесетгодишната Викторија. Ова писмо може да им послужи на сите млади девојки кои се наоѓаат на своите животни крстопати, кои имаат проблем со самодоверба и кои мислат дека се полоши од другите. „Научи да ги славиш своите несовршеност. Ова е она што сакам да ти го кажам. Дозволи и на својата кожа да дише, носи помалку шминка и не дозволувај никогаш шминкерот да ти ги избричи веѓите. Последиците се трајни. Ќе ставиш лак за коса како бесна но волуменот сеедно ќе падне со тек на време. Искулирај со со моментот – сакам косата да ми изгледа како да сум излезена од тунел во кој дува ветер. Ова исто така треба да го кажам – остави ги и градите на мира. Сите овие години сакаше тоа да го започнеш – но тоа е преглупаво. Тоа е знак на несигурност. Цени го она што го имаш.“
Нема да ви се верува, но бојата на вашиот омилен кармин открива каков карактер сте >>
Викторија никогаш јавно не призна дека имала естетски корекции на своето тело и со ова писмо сакаше да истакне дека е глупо да го сокриваш она што веќе било видливо. Таа во писмото го опиша и бракот со Дејвид Бекам кој минува низ добри и лоши моменти.
„Тој повеќе не игра во првиот тим како порано. Сега си ти таа кога е популарна. И се уште ја има она слатка насмевка. Чисто да знаеш ќе ти го побара бројот“. Поранешната „спајсица“ со ова сакаше да укаже на несигурноста која понекогаш сите ја имаме, па и таа, но дека на крајот на денот работите секогаш си доаѓаат на свое место.
Кратки чизми со карнери – најпопуларен модел меѓу познатите девојки >>