И брендираната роба може да биде фалш: Како најлесно да препознаете фалсификувана облека
Низ бутиците во Македонија има многу фалсификувана роба која се продава под име на некој познат бренд, а тоа најмногу се однесува за фармерки, патики, маици, тренерки и патики.
Дали некогаш ви се случило да купите оригинал патики, да платите дебело за нив, и за многу брзо време да ви се скинат? Или пак да купите оригинал фармерки, тренерки, маица или модни додатоци за смешни пари? Најверојатно станува збор за копии на оригинални брендови, а како во иднина да се заштитите и како најлесно да препознаете дали станува збор за оригинал или копија прочитајте во продолжение.
Oвие фармерки ќе бидат хит во следниот период >>
Оригиналната роба се продава само во објекти кои имаат истакната фирма, како потрошувачот би знаел од кого ја купува робата. Но мораме да предупредиме дека кај нас и во некои познати продавници кои се наоѓаат во центарот на градот робата која се наоѓа на полиците изгледа како да е со сомнително потекло (или од земји како Бангладеш, Виетнам и сл. што од друга страна би можело да значи и послаб квалитет, без разлика што станува збор за оригинал). Токму затоа во последно време се почесто се случува парчињата што ќе ги купите да ви траат прекратко, што значи дека треба добро да внимавате и на следниве правила.
Продажниот објект треба да има видно работно време, робата во прометот треба да има недвосмислена цена која убаво се чита и гледа, декларација, а трговецот мора да ви даде фискална сметка. Производите треба да се квалитетни, рабовите добро обработени и дефинитивно да не се остри, а лепилото не смее да се гледа.
Кратки чизми со карнери – најпопуларен модел меѓу познатите девојки >>
Бојата треба да е постојана, буквите да робата да бидат јасни и видливи, а текстовите на странски јазик да бидат точно напишани како на артиклот, така и на етикетите. Сите додатоци треба да се компатибилни и прицврстени, паспулите, лентите, копчињата и секој конец треба добро да е зашиен, во зависност од природата на самиот производ секако.