Поучна приказна на паднатиот ангел, односно како да живееме со чиста совест и мирна душа!
Разговор помеѓу еден од ангелите и Бог – упатство за живот со чиста совест и мирна душа.
Еднаш му се обратил ангелот на Богa со следнава молба: „Оче, имам проблем.“
„Што те загрижува, ангелу мој“, го праша со насмевка Господ.
Па види вака, Творецу, ми паѓа тешко да си ги вршам своите ангелски должности бидејќи се потешко ги разбирам луѓето. Мислам дека не мина многу време а тие веќе почнаа да ме нервираат! А мене ми е наредено да го извршувам токму ангелското трпение.
Па, што ти пречи кај луѓето?
Тие секогаш се незадоволни со она што го имаат, а многу често и не знаат што сакат. Постојано се жалат за нешто. Војуваат едни со други и си ја уништуваат својата природна околина. Ги мразат оние кои не се како нив. Зависат од мислењето на другите, а и многу често не им веруваат на мудреците, туку на сплектари и демагозите. Се молат во црква и потоа веднаш повторно ќе згрешат. И тоа ме оптоварува. И нервира.
Да, сине мој. Тоа е сериозна работа – се протри Господ за брадата и додаде:
Во прво си и со тоа мора нешто да се направи. И тоа брзо. Кај тебе се појави знак на осудување, а тоа е знак дека си престанал да бидеш ангел. Најверојатно си се заразил од луѓето.
И јас така мислам – со спуштен поглед кажа ангелот. Мислам дека ми треба развој. Слушнав дека некои ангели ги испраќаат на курсеви за повисока квалификација. Можам ли да те замолам да ме испратите на училиште?
Можеш сине мој. Тие курсеви навистина се ефикасни. Оние кои добро учат, постигнуваат одлични резултати.
А кои предмети се учат таму?, праша ангелот.
Најразлични. Јас би кажал широко образование. Дословно. Тоа е универзитет за ангели. Сигурно ќе најдеш таму свои истомисленици и нема да ти биде досадно.
А каков е обликот на школување?
Интерактивен најповеќе. Се е низ лично искуство, чувствувања и доживувања. И теорија ќе има многу малку.
Да, Творецу. Тоа е она што ми е потребно. Но што ми е потребно за тоа?
Што ти треба? Па само да се запознаеш со условите за прием. Прво ќе добиеш тело, оно ќе ти биде дадено еднаш за навек и нема замена. Можеби ќе ти се допадне а можеби не, но тоа ќе ти биде единствено до крајот на учењето. Се останато ќе го добиеш на привремена употреба. Јасно?
Јасно. Ништо не е мое, освен телото. Него треба да го чувам будејќи за целото време од учењето е само едно.
Понатака, продолжи Господ, мораш да учиш и дење и ноќе, онолку колку што е е потребно да го завршиш процесот. Секој човек и секој настан ќе ти биде учител, затоа нема смисла да се навредуваш и да им се лутиш.
А ако тие згрешат?
Не постојат грешки, само лекции. И учители. И ти на некој ќе му бидеш учител имај го тоа на ум.
Јас? Учител? Па јас тоа не го знам. А ако не успеам?
Па и тоа може да се случи. Неуспехот е составен дел од секој успех. Секој неуспех може да се проанализира и да се претвори во нов успех.
А може ли да се напушти лекцијата, ако не ми оди?
Лекцијата се повторува во најразлични облици додека не биде потполно усвоена. Ако не научиш лекции, тие ќе ти станат потешки. Кога ќе ги научиш, го полагаш испитот и преминуваш на следната лекција. Таков е програмот.
Како ќе знам дека сум ја научил лекцијата?
Па ќе стекнеш мудрост низ пракса и ќе знаеш.
Сфатив, Наскоро ќе имам повеќе мудрост.
Не биди алчен ангел. Понекогаш малку од нешто е подобро од многу од ништо. Ќе добиеш што и да посакаш. Најверојатно потсвесно ќе одредиш колку енергија ќе трошиш и какви луѓе ќе привлечеш. Гледај на тоа што го имаш и знај дека тоа е она што го сакаш. Твоето денес ќе биде определено со твоето вчера, а твоето утре ќе зависи од твоето денес.
Но, ако не грешам, јас го избрав тоа и ми создаде проблеми.
Како е од надвор така е и внатре. И обратно. Болката е начинот на кој Универзумот го користи за да ти го привлече вниманието. Ако на телото или во душата ти е болно, тоа е сигнал дека нешто мора да се менува.
Па, зарем останатите ангели кои одат на курс ќе ми нанесат болка.
Не заборавај дека сите сте ученици и дека сите имате исти услови. Другите се само твојот одраз во огледалото. Не можеш да сакаш или да мразиш нешто што е во другите, ако тоа не го одразува твојот карактер. Запомни – таму се само ангели, баш како и ти, други едноставно нема. Така што секоја болка ќе биде само игра, проценка, реакција на твојот ум.
Треба ли уште нешто да знам, Господе?
Па, веројатно да. Сакам да се обидеш да разбереш. Тамо кај одиш нема подобро место од тука. Таму не е подобро од овде. Минатото таму треба веднаш да го заборавиш, иднината не можеш да ја предвидиш, па за тебе ќе ти биде важно само моментот во кој си сега.
Тешко ми е да го разберам тоа за што ми зборуваш. Но ќе се обидам. Мислам дека учителот ќе ми објасни се, нели?
Не треба одговорноста да ја префрлаш на други. Улителот ќе ти го даде само програмот, а ти колку усвоиш толку и ќе остане во тебе.
Ќе се обидам да научам што повеќе.
Да, ангелу мој. Прави најдобро што знаеш и нема да погрешиш.
А ти господе дали ќе продолжиш да ме водиш? Или ќе морам да учам од книги и белешки?
Нема да те оставам ни во еден момент, сине мој. Ќе бидам со тебе но и во тебе. Но ќе бидеме далеку еден од друг, и ќе мораш повторно да научиш да ме слушаш. Можам да те утешам – сите одговори се наоѓаат во тебе. Знаеш повеќе од што е запишано во книгите или белешките. Се што треба да направиш е следно – гледај во себе, слушај се себеси и верувај на себеси. Па, ако се уште не си се премислил, повели сега ќе те испратам таму.
Добро татко, подготвен сум. Само да не ги заборавам сите овие мудрости!
Е тука те чека изненадување малечок – се насмеа Бог. Гледаш суштината на повторното учење на ангелите е тие повторно да започнат од нула, да го поминат целиот програм. Така ќе го заборавиш сето она што го кажав тука и сега. Ќе се сетиш дури кога ќе бидеш подготвен… Па одиме ли?
Одиме.
Ангелот одлучно замавна со крилјата и пред себе виде отворен тунел, ги затвори очите, зарони, како во бездна, во потполна неизвесност. Но му веруваше на Бига и не се двоумеше.
Но летот не беше долг. Се слушна крик!
Некаде на земјата се роди уште еден човек