Познатиот шпански хај-стрит бренд Магно има одлични капути и јакни, а во продолжение погледнете ги најдобрите модели.
Попустите почнаа, а со тоа и можноста да ја збогатите вашата зимска колекција со добро парче по снижена цена. Ова особено се однесува за капутите бидејќи сега чинат многу помалку и на овој начин навистина можете да заштедите (или да се почестите плус со некое друго квалитетно парче). Па доколку се уште немате избрано капут или јакна за оваа сезона, сега е вистинскиот момент да разгледате што има низ продавниците. Ние секако ве советуваме да не ги прескокнете продавниците на познатиот шпански бренд Манго, а најдоброто од она што ве очекува на нивните полици можете да го видите и во нашата галерија дадена во продолжение. Ние бевме нестрпливи и скокнавме во нивната онлајн продавница, па еве го нашиот избор на капути и јакни кои сега можете да ги набавите по супер цена.
види повеќе » |