Неверојатно: како светлината влијае на вишокот килограми!
Досега сигурно ви е јасно на сите дека на килограмите влијаат гените, начинот на живеење, исхраната и вежбањето, но постојат и некои други фактори.
Најверојатно ќе се изненадите кога ќе дознаете дека и светлината влијае на килограмите. Истражувањата на оваа тема започнаа во еден ресторан во кој учествуваа 160 гости. Оние кои седеа во близина на прозорите или во делот на ресторанот кој е најмногу осветлен порачуваа многу поздрави порции од оние кои седеа во темниот дел.
Останатите избираа многу повеќе калории!
Поради ова истражувањето беше продлабочено и спроведено на 700 студенти. Резултатите повторно покажаа дека кога се наоѓаме во светла просторија имаме високо ниво на енергија и порадо посегнуваме по здрави намирници.
Можеби токму затоа и навечер најчесто посегаме по нездрава храна!