Нашата кожа во текот на студениот зимски период од годината најчесто е сува, се лупи и понекогаш навистина не изгледа убаво.
И кога на таквата кожа ќе нанесете шминка, без претходно малку повеќе да се погрижите за неа, резултатот може да биде очаен! Но за среќа мудрите шминкери имаат осмислено свои техники кои даваат беспрекорни резултати на лицето, а една од нив доаѓа од познатиот мејк-ап артист Едвард Круз кој има свое решение за зимска шминка. Имено, тој не советува дека секој пат која на сувата кожа сакаме да нанесеме течна пудра, да користиме производи како Beautyblender и со него добро да ја натапкаме пудрата во кожата, а потоа да нанесеме мали количини на некое хранливо масло за лице и тоа само на оние подрачја кои се посебно суви или кои најмногу се лупат поради недостатокот на влага и студениот воздух.
На овој начин ќе постигнете блескав и сјаен тен.